Во недела, Школото за класични борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија, организира семинар во природа на тема Боџутсу (вештина на борење со стап).
Станува збор за вештина која се изучувала во речиси сите класични школи и која отсекогаш била обврзна за изучување од страна на јапонските буши (воини).
На семинарот ќе се вежбаат положбите на телото како и ударите и блоковите со рокушако бо (стап долг околу 180 см.). Вежбањето на отворен простор, овозможува техниките и катите да се почуствуваат на начин како во времето на сенгоку џидаи (граѓанските војни во Јапонија) кога битките се воделе на бојните полиња.
Ден: 25.04.2010 (недела)
Место: Брестов Дол
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
16.30 враќање назад
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.
Со многу смеа и позитивна енергија, во духот на Роккон Шоџо, овој
историјата на овие две самурајски
Интензивниот тренинг
ист начин како што се вежбало во доџото Даитокан. Се работи во мала
Постарите ученици на инструкторот
Отворањето на секцијата
Првиот ден се вежбаа основните удари со раце и нозе, блоковите, како и катите од нивото Кураи Дори, на класичната јапонска борбена школа Кото Рју Коппоџутсу. Вториот ден беше резервиран за школата Гјокко Рју Кошиџутсу, каде што покрај основите, инструкторот Довезенски детаљно ги објасни и ги подучуваше катите од Ки Гата-та.
покажа како одличен организатор. Целиот семинар помина беспрекорно, благодарение на неговата заложба да им угоди на гостите да се чуствуваат убаво. Во саботата, околу полноќ, сите учесници на семинарот беа на забава во дискотеката К7, каде што се журкаа до раните утрински часови, но тоа не ја намали концентрацијата на тренингот во текот на следниот ден. Беше прекрасно да се гледа како учениците од двата клуба меѓусебно се дружат.
вреден, едвај чекаше да ја испроба следната техника, при што во тоа му помагаа учениците на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Зоран Тодоровски. На крајот беше договорена и понатамошна соработка, се со цел да се овозможи подобар тренинг на овој наш претставник во UFC. Воедно ги повикуваме сите луѓе кои што можат финансиски да го помогнат Оливер да се јават на телефонскиот број на Благој Таневски.
На покана од нашиот пријател од Нови Сад, Срѓан Црногорац, викендов што помина учествуваме на семинар со мајсторот Кацем Зугари од Франција. Тема на семинарот беше Кото Рју Коппоџутсу и Џо Џутсу, но се работеа и техники од школата Гјокко Рју Кошиџутсу. Покрај инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, на семинарот учествуваше и неговиот учи деши Марјан Прошев, како и нашите пријатели од клубот Буџинкан Кавадарци. 

Во Хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија, под водство на инструкторот Игор Довезенски, викендов се одржа семинар на тема Гокуи Не Ваза (Тајните на борба на земја).
Семинарот започна со мини предавање за историјата на техниките на Не Ваза, за веднаш потоа да продолжи со изведување на различни Таисо вежби, по што се пристапи кон изучување на Атеми Кју Шо, Укеми Таихенџутсу и Камае.
И покрај големата болка предизвикана од реалниот начин на тренинг, но и од тврдиот паркет во нашето доџо, учениците (речиси сите) успешно го завршија семинарот презадоволни од техниките вежбани во текот на двата дена.