Одржан семинар за Кото рју Коппоџутсу

Posted on Categories Почетна

Вчера во скопското доџо на Буџинкан Македонија, инструкторот Игор Довезенски одржа семинар на тема „Кураи Дори“ односно заземање обрамбени положби во традиционалната јапонска нинџа школа Кото рју Коппоџутсу.

За време на настанот, шидоши Довезенски детално ги објасни сите пет положби кои се користат во Кото рју, како и основните техники на Кураи Дори.

На крајот од семинарот, учесниците го искажаа своето задоволство од наученото, како и забелешката дека после овој настан нивното разбирање за оваа боречка школа сега е на едно многу повисоко ниво.

Одржан семинарот: „Борба и одбрана од нож“

Posted on Categories Почетна
Под водство на водачот на Буџинкан Македонија, денес во скопското доџо беше одржан семинар за борба и одбрана од нож.
Шидоши Игор Довезенски, на кого ова му беше 419-ти семинар на кој подучува, како и секогаш несебично го сподели своето огромно знаење со своите ученици кои навистина уживаа во секој момент од настанот.

Веднаш после семинарот, шидоши хо Марко Опачиќ ги сподели импресиите на интерниот Форум на доџо-то, кои интегрално ви ги пренесуваме.

„Ова беше 30-тиот семинар за оваа година во ‘Пат кон Сонцето’ и морам да истакнам дека уште денес успеавме да го урнавме рекордот од минатата година кога реализиравме вкупно 29. Но дали знаете на каков начин го соборивме рекордот?
Сенсеи најпрвин ни објасни кои се најчестите напади, но и како да се одбраниме од истите. Ни предаде многу ситници поврзани со психологијата, а како што кажав техниките беа разработени до најситен детаљ. Истовремено тој побара од напаѓачите да удираат и да сечат брзо со повлекување на ножот и повторен напад, со цел да научиме правилно и течно да го движиме нашето тело. За време на семинарот, многу пати движењата на Сенсеи изгледаа како забрзана снимка од холивудски филм.


Иако динамиката беше жестока, сите беа расположени за тренинг и воопшто не згрешивме што овој есенски и дождлив ден не го поминавме лежејќи дома, туку во доџо. Некои од техниките беа навистина тешки и на многу високо ниво, а морам да напоменам за тие што не беа дека цели 4 часа вежбавме одбрана од нож при ситуации кога и ние сме вооружен со истото оружје. Ова беше уште еден одличен семинар и мора да кажам дека тие кои не присуствуваа – многу пропуштија“.

 

Интервју со Игор Довезенски посветено на Шиноби Таисо®

Posted on Categories Почетна

Најчитаниот интернет портал за бизнис во Македонија, bi.mk (БизнисИнфо), реализираше интервју со шидоши Игор Довезенски посветено на системот Шиноби Таисо.

Ви го пренесуваме во целост директно преку линкот —–>тука