
Ја дочекавме пролетта на најубавиот можен начин. Со семинар во природа на прекрасниот Еленац, под самите карпи кои надвиснуваат над стариот кладенец.
Вкупно 12 вежби за култивирање на внатрешната енергија успеавме да извежбаме за време на настанот кој привлече 12 учесници од сите возрасти на Буџинкан Македонија.
Посебно внимание привлекоа техниките за медитација кои имаа за цел да не научат како да ја концентрираме енергијата во точката Танден, која што се наоѓа околу три сантиметри под папокот.
Ниту техниките за забележување на промените во околината не ги оставија рамнодушни Воините на доџо-то, а забележлив беше нивниот напредок, пред се поради нивното редовно учество на настанот.
Следниот семинар во природа ќе се одржи во март, во месноста Слепо Коло на ридот Орљак, а темата ќе биде: Моќтта на Јари (Борба со Копје).
комуникација преку самоспознавање и навремено откривање на промените кои се случуваат наоколу. Учителите за Зен, со векови наназад подучуваат дека дишењето со Хара (стомак) го чисти умот од секакви мисли и овозможува поглед длабоко во себе. Токму тоа согледување на внатрешните и на надворешните промени, се верува дека на воинот ќе му овозможи навреме да ја препознае опасноста и истовремено да реагира. Ваквиот тренинг за култивирање на внатрешната енергија, познатиот зен-монах Такуан Сохо го нарекувал „вежба на неподвижниот ум“.
петнаесетина членови на „Пат кон Сонцето“.
Вчера се одржа седмиот по ред Зимски Нинџа Тренинг на кој членовите на Буџинкан Македонија имаа можност повторно да ги изучуваат начините на преживување во природа за време на најстудените месеци во годината.
Беше одлично да се видат златните ридови на Орљак, Еленац и на Липац, кои овој пат беа покриени со снег. Конечно им избегав на скопските магли. Бев на едно совршено место – со совршени луѓе.