Буџинкан Македонија има двајца нови Нидан-и

Posted on Categories Почетна

Веднаш по завршувањето на саботниот ШурикенЏутсу семинар, семпаите Владимир Антовски и Михаил Дракалски беа тестирани за Нидан (2 дан) од страна на нивниот учител Игор Довезенски, при што двајцата успешно го положија тестот за повисок ранг.

Шикен-от (тестот) се состоеше од демонстрирање техники и кати од школата Гјокко рју Кошиџутсу, а потоа и рандори односно одбрана од двајца напаѓачи.

И двајцата кандидати покажаа одлично знаење, по што се здобија со дипломи за Нидан.

Честитки!

Одржан семинарот „Силата на Јари XVI“

Posted on Categories Почетна

Ниту дождливото време не ги спречи Воините на Буџинкан Македонија да го одржат традиционалниот семинар за борба со копје „Силата на Јари“.

Овој традиционален настан по 16-ти пат се одржа во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, а учество земаа над 20 членови на Буџинкан Македонија.

Беше прекрасно да се гледат учениците на доџото од сите возрасти, како посветено ги изучуваат тајните на борба со копје од школата Шинден Фудо рју ДакенТаиџутсу, а учителот Игор Довезенски како несебично го споделува своето огромно знаење со нив.

Следниот семинар според програмата на Буџинкан Македонија ќе се одржи на 12/13 април на тема: Хоџутсу/ЈумиЈа.

ШурикенЏутсу семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во саботата, во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, беше одржан семинар за ШурикенЏутсу, на кој учествуваа околу 20-тина членови на Буџинкан Македонија.

Се гаѓаше на три мети, при што учителот Игор Довезенски предаде точно осум различни техники кои учениците со задоволство ги повторуваа.

Вечерта, тој одржа и предавање на тема: „Харагеи – Начини да препознаеш и превенираш опасност“, по што следуваше дружба околу каминот со заедничка вечера односно палачинки.

Ова беше уште еден семинар за паметење и создавање преубави спомени, особено за најмладите членови на доџото.

Предавање на тема: Харагеи - Начин да препознаеш и да превенираш опасност

Posted on Categories Почетна

На 29 март (2025), со почеток во 21.00 часот, во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија ќе се одржи предавање на тема: Харагеи – Начин да препознаеш и да превенираш опасност.

Сите што малку поинтензивно се дружеле со учителот Игор Довезенски, забележале дека при посета на некој објект или ресторан, тој се однесува малку неконвенцијално. Имено, многу внимателно внимава кои локали ќе ги посети, потоа при влезот дискретно ги „скенира“ гостите и вработените, внимателно ја бира масата на која ќе седи како и положбата која најчесто подразбира дека грбот треба да му биде свртен кон ѕидот. Секако, Довезенски внимава и на многу други детали, но резултат на сите овие предстрожности е неверојатната прецизност при проценката на луѓето и нивните особини – нешто што досега никогаш не се случило да згреши, особено при составувањето на сликата односно анализата на нивниот карактер.

Испровоциран од времето и од регионот во кои живееме, Довезенски одлучи дека е време овие вештини да се споделат со помладите членови на доџото, а се со цел да научат како да избегнуваат односно да се заштитат од несакани ситуации како што се вербални и физички провокации, можни телесни напади, кражби и пожари и сите други сценарија кои се надвиснуваат над младите генерации.

Предавањето е бесплатно и наменето за сите членови на Буџинкан Македонија.