Одржан меѓународниот семинар „БуЈуКаи II“

Posted on Categories Почетна

Вториот по ред меѓународен семинар насловен како БуЈуКаи, викендов се одржа во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“. Настанот, кој се пополни за само два дена од своето официјално објавување, собра на едно место практиканти од дури четири земји: Турција, Австрија, Бугарија и Македонија. Да не беше ограничувањето од 40-сет учесници, најверојатно семинарот ќе беше многу поброен.

Инаку, ова беше втор БуЈуКаи, после првиот кој се одржа во Турција во 2019 година. Настанот, на кој како предавачи се учителите Игор Довезенски (Буџинкан Македонија) и Ерџан Шарбат (Буџинкан Турција), е замислен како собор и споделување на искуството на инструкторите, како и меѓусебно дружење и запознавање на учесниците.

На крајот, учители обзнанија дека третиот по ред БуЈуКаи ќе се одржи во Истанбул, при крајот на октомври (2022), како и дека постои заинтересираност за учество на уште еден учител во овој меѓународен собир.

Уште еден тим билдинг во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Само една седмица по тим билдингот со „Креатива“, минатата сабота се одржа уште еден, овој пат со фирмата за графички дизајн „Контура“.

Со малку поинаква програма, следејќи ја нивната желба, им одржавме кратки обуки за гаѓање со шурикени, како и со лак и стрела, а учесниците уживаа и во шиноби таисо тренингот надополнет со вежби за медитација.

На крајот, задоволни од преубавиот ден, вработените и одговорните во „Контура“ ни најавија и следна дружба.

Тим билдинг во Хомбу Доџо

Posted on Categories Почетна
Долгогодишната соработка со „Креатива“, каде што нашите инструктори одржуваат редовни часови за јапонска јога, се искачи на уште едно ниво погоре. Во саботата, им организиравме „тим билдинг“, при што имавме неверојатно убав ден, исполнет со многу дружење, активности и авантури.

За разлика од другите, Буџинкан Македонија организира еден поинаков „тим билдинг“, каде што нашите клиенти можат да бират помеѓу најразилни активности.
Прекрасните девојки од „Креатива“ се одлучија за посета на неолитското живеалиште и опсерваторија „Цоцев Камен“, како и на „Коњушката Тврдина“. И двата археолошки локалитети се наоѓаат во близина на нашето Хомбу Доџо. На крајот,  следуваше заеднички вегански ручек (нудли со зеленчук) подготвен лично од рацете на учителот Игор Довезенски.

Сите заинтересирани фирми кои сакаат да организираат еден несекојдневен „тим билдинг“ за своите вработени, можат да ни пишат во нашиот инбокс или да ни се јават на 075 564 011.