A succesfull seminar with Steffen Frohlich

Posted on Categories Uncategorized

25102010073046Frolo1.jpgThe Budo Taijutsu seminar, titled Takagi Yoshin Ryu, will stay in the best of memories among those that attended it and practiced hard for two days in the „Yasmin“ venue in Kavadarci.
At the event, there were 35 people that took part in it from both Bujinkan Macedonia and Bujinkan Kavadarci Dojo. Master Steffen Frohlich did a great job with this seminar. In his unique way, he showed the way in which this art is practiced in the Hombu Dojo in Japan.

Shihan Frohlich, who is a good friend of instructor Dovezenski and completely enamored with Macedonian tradition and culture, during the five days in our country visited many interesting archaeological sites and historical locations. The leader of Bujinkan Macedonia, an ethnologist by profession, told a great part of the Macedonian history in a picturesque way, during these visits. Shihan Frohlich, in return tried to transfer his experience about Bujinkan training in Japan.

On Saturday, instructor Frohlich, together 
with 25102010073054frolo2.jpg
the members of Bujinkan Macedonia, arrived in Kavadarci, where for the first time happened a seminar with a 15th dan Shihan.
The techniques developed through this year`s theme given by Bujinkan Dojo – Rokkon Shojo. The most dominating aspect of these teachings were taijutsu kata, as well as Tachi (sword). During the seminar, the shihan asked instructor Dovezenski to show kata from Takagi Yoshin Ryu and Koto Ryu, and before it was over, he asked every student to demonstrate a technique they learned here.Our students demonstrated what they learned in the best way they could, which earned them a lot of praise.

The organization by the leader of the Kavadarci Dojo, m-r. Blagoj Tanevski, was great. Great socializing during both days in his city, as usual. It is an example of good cooperation and how one should walk the path in order to achieve something worthy of respect.

Одржан семинарот со Штефен Фролих

Posted on Categories Почетна

25102010073046Frolo1.jpgСеминарот за Будо Таиџутсу, на тема Такаги Јошин рју, ќе остане во убави спомени на сите учесници што два дена вежбаа и се дружеа во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
На настанот учество земаа 35 ученици од доџо-ата на Буџинкан Македонија и Буџинкан Кавадарци. Мајсторот Штефен Фролих одлично си ја заврши својата работа. На свој специфичен начин успеа да го долови начинот на кој оваа вештина се вежба во Хомбу доџо-то во Јапонија.

Шиханот Фролих, кој е докажан пријател на инструкторот Довезенски и истовремено е заљубеник во македонската култура и традиција, за време на петте дена во нашата земја беше во посета на доста интересни историски и археолошки споменици. За време на посетите, водачот на Буџинкан Македонија, кој инаку е етнолог по професија, на многу сликовит начин ја раскажуваше историјата и традицијата на Македонија. Од друга страна, шиханот Фролих го пренесуваше своето искуство од Буџинкан и од тренинзите во Јапонија.

Во саботата, инструкторот Фролих, заедно со 25102010073054frolo2.jpgчленовите на Буџинкан Македонија, пристигна во градот Кавадарци, каде што за прв пат се одржа семинар со шихан од 15 дан. Техниките се развиваа преку овогодинешната тема на Буџинкан Доџо – Роккон Шоџо. Доминираа таиџутсу кати, но се работеше и со Тачи (меч). За време на семинарот, шиханот честопати бараше од инструкторот Довезенски да подучува кати од Такаги Јошин рју и од Кото рју, а на крајот побара сите учесници да демонстрираат по една техника. Нашите ученици тоа го изведоа одлично, така што добија огромни пофалби за тоа.

Организацијата од страна на водачот на доџо-то во Кавадарци, г-динот Благој Таневски, беше одлична. Дружењето во текот на двата дена поминати во неговиот град беше фантастично како и секогаш.
Тоа е пример за добра соработка и за тоа како треба да се изоди патот за да се оствари нешто вредно кое ќе се почитува од сите.

Seminar with Steffen Frohlich in Macedonia

Posted on Categories Uncategorized

07072010112407web.jpgThe school for classical japanese martial arts,
Bujinkan Macedonia
and the Ninjutsu club Bujinkan Kavadarci, are ogranizing a friendly seminar
with the german shihan Steffen Frohlich.

Theme: Takagiyoshin Ryu

Date: 23/24.10.2010

Place: Sport centre Yasmin – Kavadarci

This is the first Tai Kai organized in Kavadarci, with
one of the first German shihan and students of soke Masaaki Hatsumi.

Steffen Frohlich is a very good friend of the
instructor of Bujinkan Macedonia,
Igor Dovezenski.

He loves our country and is a fan of the Macedonian
culture and tradition. A master with a big heart, who would use this trip to Macedonia to
fill himself with positive energy in our renowned ancient holy places. As
always, he comes for a whole 5 day practice and fun.

Price: only 20 euros, for a shihan who is respected by the entire Bujinkan.

Can
anyone do better than us?  

Семинар со Штефен Фролих во Македонија

Posted on Categories Почетна

07072010112407web.jpgШколото за
класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија и Нинџутсу клубот
Буџинкан Кавадарци, организираат пријателски семинар со германскиот шихан
Штефен Фролих.

Тема на
семинарот: Такаги Јошин Рју

Ден:
23/24.10.2010

Место: Спортска
сала Јасмин – Кавадарци

Прв Таи Каи
организиран во Кавадарци со еден од првите германски шихани и ученици на соке
Масааки Хатсуми.

Штефен Фролих е
докажан пријател на инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски.

Тој е заљубен
во нашата земја и е обожавател на македонската култура и традиција. Мајстор со
големо срце кој доаѓањето во Македонија го користи за полнење со позитивна
енергија во нашите надалеку познати древни светилишта.

Како и секогаш,
доаѓа за да се дружиме и вежбаме цели пет дена.

Цена: само 20
евра
, за шихан кој е почитуван од целата Буџинкан заедница

Може некој
подобро од нас?

Successfully finished seminar in Gradsko

Posted on Categories Uncategorized

09102010211534gradsko-2266.jpgOn the stage of „Krste Petkov Misirkov“ venue in Gradsko, the seminar themed „Introduction to the schools of Bujinkan“ took place. At this event, 25 people from the community took part, as well as students from Bujinkan Macedonia. 

Under the guidance of unstructor Igor Dovezenski, with the help of his senior students, the people attending this seminar had the chance to practice basic techniques from four of the schools of Bujinkan: Shinden Fudo Ryu Dakentaijutsu, Gyokko Ryu Koshijutsu, Koto Ryu Koppojutsu and Takagi Yoshin Ryu Jutaijutsu. As always, the training was hard and demanding, but in the end everyone was satisfied with what they learned. This
09102010211551gradsko_27376.jpgis especially true for the students of Bujinkan Macedonia, who feel great joy when repeating the basis of our arts, which proves that they are indeed mature as warriors – who understand the power of Kihon. 

After the training session was over, the members of Bujinkan Macedonia, together with the seminar organizer Panche Kocev, visited the far famed archaeological site Stobi, where the enjoyed the rich history of our beautiful country.

Одржан семинарот во Градско

Posted on Categories Почетна

09102010211534gradsko-2266.jpgНа бината на Домот на
културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, се одржа семинар на тема
„Запознавање со школите на Буџинкан“. На овој настан учество земаа 25 лица од
општината, како и од доџо-то на Буџинкан Македонија.

Под водство на
инструкторот Игор Довезенски, помогнат од неговите постари ученици, учесниците
на семинарот имаа можност да вежбаат основни техники од четири школи на
Буџинкан и тоа: Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу, Гјокко рју Кошиџутсу, Кото рју Коппоџутсу и Такаги Јошин рју Џутаиџутсу. Како и секогаш, тренингот беше доста
напорен, но на крајот сите беа задоволни од наученото. Ова особено важи за
09102010211551gradsko_27376.jpgучениците на Буџинкан Македонија, кои посебно се радуваат кога се повторуваат
основите на нашите вештини, што, пак, покажува дека тие се зрели воини кои ја
разбираат моќта на Кихон-от.

По завршувањето на
тренингот, членовите на Буџинкан Македонија, заедно со организаторот на
семинарот Панче Коцев, го посетија надалеку познатиот археолошки локалитет
Стоби, каде што уживаа во богатата историја на нашата преубава земја.

Bujinkan in the kindergarten `Bambi`

Posted on Categories Uncategorized

06102010111046deca12.jpgAs a part of the “Week of the children” manifestation, the senior students of Bujinkan Macedonia, Marjan Proshev and Marko Opachikj, visited the kindergarten `Bambi` in Skopje, where they introduced to and entertained the youngest with the traditional martial arts.

Proshev and Opachikj first explained the children about the history of the ninja and the samurai, followed by a demonstration of a few kata from the Bujinkan Ryu-Ha.
This concluded in a short training session, where the children were taught to roll (kaiten) and fall (ukemi). All this was presented in a naive and childish way, comprehensible and fun for their age.

The training ended with answers to the many questions asked
06102010111040deca11.jpgby the children, about ninja and samurai.

With this, our dojo made it`s contribution towards making the “Week of the children” better, and we remain to stay open towards any kind of help needed about the children of this country which are it`s future, as well as any vulnerable categories of this society.

Буџинкан во детската градинка „Бамби“

Posted on Categories Почетна

06102010111046deca12.jpgВо рамките на манифестацијата „Недела посветена на децата“, постарите ученици на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, ја посетија детската градинка „Бамби“ во Скопје, каде што ги забавуваа најмладите преку запознавање со јапонските традиционални боречки вештини.

Прошев и Опачиќ најпрвин им објаснија на дечињата за потеклото на нинџите и самураите, а потоа изведоа демонстрација на неколку кати од школите на Буџинкан.
Потоа одржаа еден мини тренинг каде што најмладите беа подучувани како правилно да се тркалаат (каитен) и паѓаат (укеми). Сето тоа беше изведено на наивен и детски начин, разбирлив и забавен за нивната возраст.

Тренингот заврши со одговарање на многубројните 06102010111040deca11.jpgпрашања поставени од дечињата, а секако во врска со нинџите и самураите.

Со ова, нашиот клуб даде свој придонес за разубувување на манифестацијата „Недела посветена на децата“, а ние и понатаму остануваме отворени за било каква помош кога станува збор за најмладите кои се иднина на нашата земја, но и за сите ранливи групи во нашето општество.

Seminar in Gradsko with Igor Dovezenski

Posted on Categories Uncategorized

04102010085534flaer-za-gradsko-za-web.jpOn an invitation of a group of citizens from the Gradsko community, the instructor of Bujinkan Macedonia Igor Dovezenski, will hold a seminar with the theme “Introduction to the schools of Bujinkan”.

The seminar will take place on the 9th of October in the “Krste Petkov Misirkov” venue starting at 11.00 and finishing at 17.00. This seminar has the support of the mayor of this community.

On this event, a few members of the security forces (police and army) of the Republic of Macedonia, who live or come from Gradsko will also take part.

Everyone interested are welcome to call us on 077 976 096 or contact us on out e-mail address: daito_macedonia@yahoo.com

Семинар во Градско со Игор Довезенски

Posted on Categories Почетна

04102010085534flaer-za-gradsko-za-web.jpНа покана од група граѓани од општината Градско, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе одржи семинар на тема „Запознавање со школите на Буџинкан“.

Семинарот ќе се одржи на 09 октомври во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во времетраење од 11.00 до 17.00 часот, а истиот е подржан и од градоначалникот на општината.

На настанот, свое учество ќе земат и неколкумина припадници на безбедносните сили на Република Македонија (војска и полиција) кои живеат или потекнуваат од Градско.

Сите заинтересирани можат да се јават на нашиот телефон 077 976 906 или да пишат на нашата елетронска адреса: daito_macedonia@yahoo.com