Семинарот помина во одлична атмосфера проследена со тренинг и дружење
меѓу членовите на неколку нинџутсу клубови од Југоисточна Европа.
Оваа година присуствуваа околу 70 учесници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Македонија.
Како и секогаш, учителот Свенерик Богсатер покажа и докажа зошто е еден
од најдобрите нинџутсу мајстори во светот. Тој не само што подучува,
туку и инспирира и ги освежува идеите на своите следбеници.
Нашата екипа пристигна еден час пред започнувањето на семинарот,
преморена од 12 часовното возење од Скопје, што малку влијаеше врз
нашиот тренинг. Но за кратко време, љубовта кон вештината направи
заморот да се надмине и постепено почнавме да го засилуваме темпото.
Вечерта беше резервирана за дружење и концерт на ријечката рок група
Лет 3, што се одржа на отворено на ридот Омановац што се извисува над
Пакрац.
Вториот ден од семинарот помина во вежбање на техники и кати од деншото
на Тогакуре Рју, на голема радост на сите учесници. При тоа, шиханот
демонстрираше и подучуваше и техники со оружје, што предизвика посебен
интерес кај сите.
На паузата за ручек, инструкторот на Буџинкан Македонија, И. Довезенски
имаше средба со учителот Свенерик, на која што беше разговарано за
многу теми поврзани со нашата организација.
Покрај прекрасниот тренинг, семинарот беше искористен и за зацврстување
на пријателството меѓу балканските буџинкан клубови, што е многу важно
за успешно дејствување на Буџинкан Доџо во целина.
На крајот, големи пофалби за организаторот, нашиот верен пријател Марио
Тушек, а воедно, уште еднаш му честитаме за повисокиот ранг кој му беше
доделен лично од шиханот Свенерик Богсатер.
Месец: м.г
Нинпо Сеишин Каи Пакрац 2008
На покана од нашите пријатели од клубот Буџинкан Сешин Доџо Пакрац
(Република Хрватска) и инструкторот Марио Тушек, екипа од Нинџутсу
Сојузот Буџинкан Македонија ќе земе учество на семинарот со шиханот
Свенерик Богсатер.
Семинарот ќе се одржи викендов (28/29.06.2008) во убавото гратче
Пакрац, а ова е веќе четврт семинар со шиханот Свенерик Богсатер што се
организира во овој град (ние досега сме учествувале на сите).
Ги покануваме сите заинтересирани лица од Македонија, кои сакат да
присуствуваат на овој настан, да не контактираат преку нашиот е-маил.
Успешно одржан семинарот во природа Готон По
Топлото време и немилосрдното сонце не ги поколеба учесниците на
семинарот Готон По да го совладаат предвидениот материјал за оваа
интересна вештина.
Уште на самиот почеток, учителот на Буџинкан Македонија, И. Довезенски,
им наметна силно темпо на учесниците, така што на целта односно на
местото предвидено за тренинг, неколкумина од нив пристигнаа со мало
задоцнување. Покрај силниот марш зачинет со склекови, „мали и слатки“
проблеми предизвикуваше и дополнителната опрема спакувана во тешки
ранци кои секој мораше да ги носи на себе.
Тренигот се одвиваше беспрекорно, со два мали исклучоци, кога на двајца
ученици им се слоши поради жешкото сонце комбинирано со долго ползење
по високата и сува трева (и боцки). Сепак, по кратко време, тие
продолжија со тренингот.
Покрај многуте интересни моменти, би го издвоиле и оној, кога учителот
со поголема група ученици се искачија (без никаква планинарска опрема)
по стрмните Еленачки Карпи, при тоа, натоварени со целата „борбена
опрема“.
Се на се, многу интересни моменти и техники кои е тешко да се доловат и мораат да се доживеат.
п.с. Вечерва дополнување со колаж во „Семинари“ и во „Фото галерија“.
Готон По семинар во природа
Во недела, на 22 јуни, Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема: Готон По (користење на петте природни
елементи).
Готон По е составен дел од легендарната вештина на Тогакуре Рју
Нинџутсу, Интон Џутсу, односно вештина на сокривање, избегнување и
камуфлирање. Според тоа, учесниците на семинарот ќе имат можност да
научат како да ги користат природните елементи: вода, дрво, оган, земја
и метал, со цел да можат да се сокријат, камуфлираат и да ја избегнат
опасноста која им се заканува.
Ден: 22 јуни (2008)
Место: „Млака“ (ако врне), „Еленачки Карпи“ (ако е суво)
Програма: 08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.30 часот – теоретски и практичен дел
17.00 – враќање назад
Цена: 1.000 денари (во цената е вклучено: семинарска такса и превоз)
Успешно одржан семинарот Јуми Ја Џутсу
Уште една група од почетниците на Буџинкан Македонија се оспособи за ракување со лак и стрела.
Имено, на вчерашниот семинар на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на лак и
стрела), учесниците имаа можност да научат се за изработката,
историјата и употребата на ова старо оружје.
Меѓудругото, се вежбаа техники на гаѓање од неколку различни камае
(положби), но и понапредни техники, како што се: гаѓање од засолниште,
брзо гаѓање од засолниште и гаѓање во трк.
Еден час пред завршувањето на семинарот, небото над Липац се отвори и
почна да врне многу силен дожд, кој ниту еднаш не ги подвоуми учениците
да прекинат со тренингот. Напротив, сите мокри до гола кожа,
продолживме со изведување на техниките, како ништо да не се случува.
По завршувањето на семинарот, учесниците имаа можност да уживаат во прекрасниот селски ручек.
Семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу
На 15 јуни, 2008 година, Буџинкан Македонија го организира традиционалниот семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на користење лак и стрела).
Семинарот е од затворен тип, односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Како и секоја година, така и оваа, учесниците ќе можат да научат како
се изработуваат овие древни орудија, како и кога се користат, односно
ќе се изврши комплетна основна обука за користење на лак и стрела.
Ден: 15 јуни (2008)
Место: „Млака“ (ако врне), „Еленачки Карпи“ (ако е суво)
Програма: 08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 ручек
17.30 враќање назад
Цена: 1.200 денари (во цената е вклучено: семинарска такса, превоз, лак и стрела и ручек)
Новости и најави
– 7 јуни (сабота) / Таихен Џутсу, тренинг во сала
– 15 јуни (недела) / Нинџа Јуми Ја (лак и стрела), семинар во природа
– 22 јуни (недела) / Готон По (техники на исчезнување и избегнување), семинар во природа
– 6 јули (недела) / Суи Рен (обука во вода), семинар во природа
****************************************************************
– 1 и 2 ноември (2008) Шиханот Штефен Фролих (15 дан) од Германија ќе
одржи семинар во Скопје. Како што вели тој самиот, „после убавите
зборови за квалитетната работа на Буџинкан Македонија од страна на Ед
Мартин Папа Сан и фалбите кои тој ги изрече за добрата организација на
неговиот семинар во Македонија, со задоволство доаѓам“.
* За сите семинари наскоро следуваат подетални информации.