Се одржа деветтиот БуЈуКаи

Posted on Categories Почетна

Под водство на инструкторите Игор Довезенски и Ерџан Шарбат, во Истанбул (Република Турција), се одржа деветтиот по ред меѓународен семинар БуЈуКаи.

За време на настанот, Довезенски предаваше техники од Таиџутсу и Кодачиџутсу, додека Шарбат предаваше Таиџутсу и Кенџутсу.

Овој традиционален пријателски семинар,  секоја година привлекува голем број учесници, па така и оваа година Доџото во градот на Босфорот беше премало за да ги прими сите заинтересирани.

Слободното време како и секоја година беше искористено за прошетки и истражувања на културното наследство, а не изостанаа и редовните дружби низ рестораните и кафулињата на Истанбул.

Како и минатата година, така и оваа, учителот Довезенски го прослави својот роденден во Истанбул заедно со своите најблиски.

Следниот јубилеен БуЈуКаи X, ќе се одржи во Хомбу Доџото на „Пат кон Сонцето“ во Република Македонија. Уште сега се најавува невиден спектакл по повод настанот.

Во дворот на Хомбу одржан семинар за КусариГама

Posted on Categories Почетна

Семинар за КусариГама се одржа во неделата во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

На настанот учествуваа десетина членови на различна возраст, меѓутоа сите со иста желба – да го збогатат и усовршат своето знаење во древната јапонска вештина Нинџутсу.

Учителот Игор Довезенски несебично сподели десет различни кати за КусариГама, а учениците гладни за знаење неуморно ги впиваа лекциите на инструкторот.

Ова воедно беше последниот семинар во Хомбу за 2025 година, а следната сезона на настани во централното Доџо почнува од почетокот на март, 2026 година.

КјокетсуШоге во Хомбу Доџо

Posted on Categories Почетна

Дождливиот ден во саботата, не’ натера да го одржиме семинарот за КјокетсуШоге во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, иако тоа оружје навистина бара голем и отворен простор за тренинг.

За време на настанот, успеавме да ги „поминеме“ сите кати од оваа вештина, а најмногу изненадија младите ученици кои со голем интерес вежбаа и се усовршуваа.

Вечерта беше искористена за заедничка вечера, при што учителот Довезенски ги приготвуваше надалеку прочуените „Довезенски палачинки“, а потоа се играа и омилените друштвени игри.