Предавање во Центарот за култура „Асном“ во Гостивар

Posted on Categories Почетна

Една недела по одржаната демонстрација и предавање во Младинскиот Културен Центар во Скопје, учителот на Буџинкан  Македонија, Игор Довезенски, одржа уште една, овој пат во Центарот за култура „Асном“ во Гостивар.

Колку за потсетување, Довезенски беше ангажиран од страна на продуцентската куќа „Катавеј“ како технички консултант и предавач за потребите на промоцијата на данскиот долгометражен цртан филм – „Кариран Нинџа“.

На предавањето во Гостивар, беа присутни десетина дечиња кои заедно со своите родители внимателно го следеа предавањето за историјата, традицијата и специфичностите на класичните јапонски боречки вештини.

По завршувањето на настанот, Довезенски се заблагодари на своите ученици Марко Опачиќ, Владимир Антовски, Михаил Дракалски и Таки Гаковски за помошта што несебично ја пружаат при секој ангажман на доџото „Пат кон Сонцето“.

 

Демонстрација на „Пат кон Сонцето“ во Градскиот Парк на Скопје

Posted on Categories Почетна

На покана од советот на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, членовите на Организацијата „Пат кон Сонцето“ вчера одржаа демонстрација на своите вештини во Градскиот Парк во главниот град на Република Македонија.

Во демонстрацијата учество земаа најмалите воинчиња на „Нинџа Клинци“, потоа ветераните на Буџинкан Македонија, како и членовите на Катори Шинто рју Македонија.

На крајот од презентацијата, тимот на Шиноби Таисо одржа бесплатен час за јапонска јога (џунан таисо), при што поголема група на граѓани со задоволство се приклучи на тренингот.

По завршувањето на настанот, на нашето доџо му беше доделена благодарница и истовремено покана за уште една демонстрација за „Цветниот Фестивал“ што повторно ќе се одржи следната година.

Игор Довезенски како технички консултант за промоцијата на „Кариран Нинџа“

Posted on Categories Почетна

Учителот на Буџинкан  Македонија, Игор Довезенски, беше ангажиран од страна на продуцентската куќа „Катавеј“ при промоцијата на данскиот долгометражен цртан филм – „Кариран Нинџа“.

За таа пригода, Довезенски заедно со своите верни ученици, во Младинскиот Културен Центар во Скопје одржа демонстрација и предавање на тема: „Како да станеш Нинџа“, а истовремено учествуваше и во снимањето на трејлерот што ќе се прикажува пред проекциите на „Кариран Нинџа“ во Република Македонија.
На предавањето учество земаа над 30 дечиња и родители, кои покажаа огромен интерес за работата на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Следниот викенд, Довезенски заедно со членовите на Буџинкан Македонија ќе одржат уште една демонстрација и предавање, овој пат во Гостивар.

БуЈуКаи со Игор и Пино

Posted on Categories Почетна

За време на велигденските празници, инструкторите Игор Довезенски и Пино Дуранте одржаа одличен семинар во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

На настанот присуствуваа дваесетина членови на организацијата „Пат кон Сонцето“ кои беа презадоволни од семинарот и неверојатната атмосфера која владееше за време на истиот.

Тема на семинарот беше самурајската школа Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, при што Довезенски ги предаваше катите од првото ниво (шоден омоте и ура гата), додека Дуранте ги пренесуваше хенките (варијантите) според принципот Муто Дори кои се вежбаат во Хомбу Доџото на Буџинкан Доџо.

Инаку даи-шиханот Пино Дуранте е роден и живее во Германија, каде што во градот Лимбург има свое доџо. Во 2008 година тој за прв пат ја посети Македонија како учесник на семинарот со даи-шиханот Штефен Фролих, организиран од страна на Игор Довезенски. Оттогаш, па се до денес, германскиот и македонскиот инструктор го негуваат своето пријателство, вежбајќи и дружејќи се на семинарите ширум Европа, како и во Хомбу Доџото на соке Масааки Хатсуми.

Воодушевен од квалитетот на тренингот во Буџинкан Македонија, но и од убавините на нашата земја, на нашиот народ и на се останато врзано за нашата држава, инструкторот Пино Дуранте сигурно ќе го гледаме доста почесто.

На крајот од семинарот, даи-шиханот Пино Дуранте го покани учителот Игор Довезенски да одржи семинар во неговото доџо во Лимбург.

п.с. Изјавите на Пино Дуранте дадени за време на семинарот можете да ги прочитате на нашиот блог (клик на линкот).