Одржан последниот Буџинкан (Нинџутсу) семинар за 2024-та

Posted on Categories Почетна

Во скопското доџо на Буџинкан Македонија, денес се одржа последниот Нинџутсу семинар за 2024 година. На настанот учествуваа околу 20 ученици кои неуморно ги изучуваа тајните на борба и одбрана од напади со нож.

Атмосферата за време на семинарот беше одлична, позитивна и крајно борбена, што уште повеќе допринесе за преубавото расположение меѓу учесниците.

Следниот Нинџутсу семинар, а воедно и прв во 2025 година, ќе биде легендарниот „Начини на зимско преживување“.

Интервју со учителот Игор Довезенски за ипон.мк

Posted on Categories Почетна

Најновото интервју со учителот Игор Довезенски од вчера е закачено и на нашиот блог, со цел да остане архивирано од заборав.

Повелете на линкот: https://blog.koryu.mk/mk_MK/2024/12/08/%d0%b1%d0%b5%d0%b7-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d1%81%d0%bc%d0%b5-%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%be%d0%b5%d1%82/

Неделен Шиноби Таисо семинар

Posted on Categories Почетна

Учителот на Буџинкан Македонија, денес го одржа редовниот семинар за Шиноби Таисо инструкторите, при што беа обработувани нивоата Чуден (Џунан Ундо) и Окуден (Ки Ундо).

Посебен акцент беше ставен на модулите за исхрана (Еијо), дишење (Кокју Хо) и медитација (Мокусо).

Благодарение на овие семинари, лиценцираните Шиноби Таисо инструктори се повеќе го збогатуваат своето знаење и стекнуваат огромно искуство.

Одржан Детскиот Нинџа Самит VIII

Posted on Categories Почетна

Во саботата, под водство на шидоши хо Таки Гаковски, во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа осмиот по ред Детски Нинџа Самит.

На овој специјален настан наменет за најмладите членови на нашето доџо, присуствуваа над 20 дечиња, кои во забавна и семејна атмосфера уживаа во тренингот со нивниот инструктор.

За време на самитот, учителот Игор Довезенски одржа демонстрација со јапонски меч (катана).

Следниот Детски Нинџа Самит ќе се одржи во декември, а за најмалите воинчиња ќе биде подготвена и новогодишна лотарија.

Одржан седмиот БуЈуКаи во Турција

Posted on Categories Почетна

Традиционалниот пријателски семинар меѓу Буџинкан Македонија и Буџинкан Турција што се одржува два пати годишно во секоја од наведените земји, повторно ги собра љубителите на Нинџутсу во Истанбул. Седмиот по ред БуЈуКаи беше во организација на Хабураму Доџо и инструкторот Ерџан Шарбат.

Како и секоја година, екипата на Буџинкан Македонија простигна два дена порано во „градот на Царевите“, со цел да ужива во прошетките на синиот Босфор, како и низ старите калдрми на чаршиите. Дружењето помага во поголемо зацврстување на пријателството кое веќе долги години се негува меѓу членовите на двата клуба.

Покрај учесниците од земјата домаќин и од Македонија, имавме и учесници од Србија, со што семинарот ја продолжи меѓународната традиција на собирање на љубителите на Нинџутсу од повеќе земји.

Учителот на Буџинкан Македонија, оваа година одлучи токму во Цариград да го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, опкружен со своите деца, ученици и блиски пријатели, кои го изненадија со прекрасен поклон што веќе е закачен на ѕидот на Хомбу Доџото во Довезенце.

За време на настанот, Довезенски и Шарбат предаваа основни и напредни техники и принципи, а учесниците со уживање го впиваа знаењето собрано низ годините од страна на двајцата инструктори.

Следниот БуЈуКаи ќе се одржи на пролет во Македонија, а во план е едно големо изненадување за сите учесници на настанот.

Маркирајте го Вашиот календар уште сега и очекувајте го осмото продолжение на традиционалниот БуЈуКаи.

Одржан семинарот за КјокетсуШоге

Posted on Categories Почетна

Еден ден по семинарот за КусариГама, се одржа и семинар за КјокетсуШоге, настан кој исто така е дел од редовната програма на Буџинкан Македонија.

Преубавиот есенски ден само додаваше убавина на деветте кати кои учениците на Игор Довезенски неуморно ги вежбаа со цел да ги усовршат своите нинџа вештини.

Ова беше последниот семинар во Хомбу за 2024 година. Се гледаме следната сезона.

КусариГама во Хомбу Доџо

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија во саботата се одржа еднодневен Тогакуре рју семинар посветен на необичното јапонско средновековно оружје КусариГама.

За време на семинарот, учесниците имаа можност да вежбaт десет техники со КусариГама, при што покажаа одлични резултати односно брзо успеава да ги разберат и да ги применат катите од оваа древна нинџутсу традиција.

Вечерта беше искористена за друштвени игри и опуштање во Хомбу-то кое после реновирањето изгледа уште попривлечно и плени со својата убавина.

Тогакуре рју Шурикен во дворот на Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, денес се одржа семинар за Тогакуре рју Шурикени, при што учесниците ги вежбаа техниките на гаѓање со Сенбан и со Учи Бари.

Учителот Игор Довезенски успеа да го предаде целото деншо за нецели шест саати, благодарение на брзиот напредок и разбирање на материјата од страна на учесниците на настанот.

Следниот есенски редовен семинар во Хомбу ќе биде на 12 и 13 октомври, за кога се планирани техники од Кусари Гама и Кјокетсу Шоге.

Чигирики семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во саботата се одржа редовниот семинар за Чигирики од годишната програма на настани на Буџинкан Македонија.

Во прекрасна есенска атмосфера зачинета со сончево и умерено време, надополнета со богатсвото на септемвриските бои и мириси, учесниците на семинарот имаа можност да ги повторат сите техники со Чигирики.

Како и секогаш, лојалните Семпаи дадоа свој допринос преку енергијата која ја вложија за време на вежбањето, а секако помогнаа и во пренесувањето на знаењето како мост меѓу учителот Довезенски и помладите членови на доџото.

Учителот на Буџинкан Македонија повторно предавач на Интернационалниот БуЈуКаи во Србија

Posted on Categories Почетна

Традиционално на средината на септември, учителот на Буџинкан Македонија подучува на српскиот БуЈуКаи што секоја година се одржува во гратчето Нови Бечеј, кое се наоѓа во северниот дел на нашиот сосед.

Настанот кој е замислен како собир на членовите на Буџинкан од земјите на Југоисточна Европа и на кој предаваат девет инструктори од неколку европски земји, секоја година привлекува се повеќе учесници.

Оваа година, учителот Игор Довезенски ја предаваше школата Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, а на молба на организаторот, во петокот одржа и дополнителен тренинг на кој ја подучуваше самурајската школа Даито рју Аикиџуџутсу.

Како и секогаш. предавањето на Довезенски е проследено со грмогласен аплауз и воодушевување, а по тренингот дузина учесници од различни земји му приоѓаа со желба да се запознаат лично и да се фотографираат со него.

Заедно со учителот, секоја година на семинарот учество земаат и членовите на Буџинкан Македонија, кои исто така предизвикуваат внимание со својата желба и посветеност кон Нинџутсу.