Се одржа семинарот „Начини на Зимско Преживување XVI“

Posted on Categories Почетна

Во шумата Млака која се наоѓа во низината под планината Липац, денес по 16-ти пат се одржа традиционалниот зимски семинар со наслов „Начини на Зимско Преживување“.

На настанот учествуваа дестина членови на Буџинкан Македонија кои ги изучуваа и повторуваа техниките за преживување во зимски услови, а на заедничко задоволство, учителот Игор Довезенски им покажа нова и интересна техника на комбинирано покривање на засолништето со употреба на кора од дрвја и сува трева.

На крајот на настанот Довезенски на сите присутни им проготви вкусен ручек со цел да им го пренесе знаењето и од областа на готвењето во оскудни и надворешни услови.