Иако поради ладното време на петтиот по ред „Детски Нинџа Маратон“ имавме многу помала бројка на дечиња од вообичајната,
тоа воопшто не го намали квалитетот на настанот, туку напротив – уште повеќе се вложивме за да им пренесеме знаење и да ја наградиме посветеноста на тие кои се одважија да учествуваат.
И на ова издание изучувавме техники за самоодбрана, потоа техники на Таихенџутсу (нинџа гимнастика), а за весела и опуштена атмосфера имавме квиз на знаење, како и презентација на филм со боречки вештини на крајот.
Следниот месец ќе се одржи нов маратон во траење од пет саати, посветен на самурајската вештина Даито рју Аикиџуџутсу. Воедно тоа ќе биде последниот детски зимски семинар за ова полугодие.

тргнав да барам сува трева и гранки за да запалам оган. Потоа неколку пати се поколебав да ја сменам локацијата и да се качам повисоко, но сепак останав бидејќи не ми се ризикуваше. Со помош на мало ашовче, го расчистив делот од снег каде требаше да престојувам и да запалам оган. Ми беше ужасно тешко и речиси невозможно да ги потпалам дрвцата. Само што ќе се кренеше пламен, веднаш се гасеше поради тоа што дрвата беа влажни. Тогаш кренав раце од намерата и одлучив да го оставам огнот за подоцна, по што почнав да го градам засолништето. Откако завршив со градбата, почнав да собирам сува трева. Имав среќа што над мојата локација ја имаше во изобилие. Во тие мигови бев толку многу мотивиран, што не мислев ниту на трњата, ниту на болката предизвикана од нив. Го искористив советот на семпаи Мики, да се однесувам како да треба да ги спасувам најблиските – да преживеат. Откако завршив со изградбата, се вратив на огнот. На крајот после многу обиди – успеав. Набргу забележав дека на ридовите е многу тешко да го одржуваш пламенот, бидејќи насекаде има само мали гранки, а никаде големи. Затоа трчав на сите страни. Штом ќе најдев неколку суви гранки веднаш се враќав назад за да ги ставам во огинот. Така постојано бев во трчање се додека не дојдоа Сенсеи и соборците. Се молев да дојдат што побрзо бидејќи бев целосно исцрпен и бев воден единствено од челичниот дух. Помеѓу мене и семпаи Михаил воопшто не стануваше збор за ривалство, туку за пријателство и соборство. Претходно постојано бевме во контакт, споделувавме идеи, записи и искуства, се со цел да го положиме тестот обајцата.




