Еден ден по семинарот за Лак и Стрела, на многу врнежливо време пропратено со силен дожд, ветар и ниски температури, се одржа и семинарот за гаѓање со пушка (ХоЏутсу).
Целта на овој традиционален настан е да ги оживее позициите на телото и методите на пукање со самурајски пушки, меѓутоа преку употреба на модерни воздушни.
Ниту студеното време, ниту тоа што постојано бевме натопени не ни го намалија духот и желбата за тренинг. Напротив, уживавме во преубавата глетка на природата, како и во прекрасното друштво на нашите членови.