Вчера во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беше одржан последниот семинар под наслов „Харагеи“.
Како што шидоши Довезенски претходно најави, од следната година техниките за развивање на сетилата и на будноста на телото ќе се изучуваат во рамките на новиот настан кој ќе се одржува под името „Сеишин Теки Кјојо“ односно духовно усовршување на Воинот.
Иако вчерашниот семинар требаше да се одржи во природа поточно на ридот Еленац, сепак во последен момент одлуката беше сменета. Всушност, пред самиот старт, силниот ветер проследен со снежни врнежи беше толку ладен, што за кратко време ги смрзнуваше прстите и лицето. А за медитација, сепак е потребно барем малку подобри услови, за таа да биде успешна. Поради тоа, настанот беше префлен во Хомбу-то.
Дами и господа, се гледаме следната година на ново место и со нова тема на проучување со која ќе го продолжиме ова несекојдневно духовно истражување.