Заврши Летниот Нинџа Камп XVII

Posted on Categories Почетна

Заврши уште еден од најлегендарните настани на планетава земја, познат под името Летен Нинџа Камп, а во организација на најдинамичното Доџо во светот – Буџинкан Македонија.

Цели 17 години по ред, учителот Игор Довезенски неуморно го пренесува своето знаење на сите заинтересирани за тајните на јапонските традиционални боречки вештини, па така и оваа година кампот привлече голема бројка на учесници.

Покрај Македонците, имавме и еден учесник од Франција, а со тоа настанот повторно се здоби со меѓународен карактер, нешто што се почесто се случува во последниве години.

Амтосферата на кампот беше величенствена, тренинзите силни и динамични, а уште сега добиваме пораки и повици со интерес за следниот камп што ќе се одржи во 2026 година. Потсетуваме дека пријавите секоја година почнуваат уште на новогодишната ноќ, па затоа бидете спремни 🙂

Одржан 9-тиот детски Летен Нинџа Камп

Posted on Categories Почетна

Во периодот меѓу 27 јули и 2 август, во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија се одржа деветиот по ред детски Летен Нинџа Камп.

На настанот, покрај дечињата од Македонија, учествуваа и неколку од Италија, Франција и од Кина (Хонг Конг), со што кампот доби навистина меѓународен карактер.

Инаку, овој летен нинџа камп беше најмасовен до сега и сите места беа продадени пред да заврши пријавувањето, па така би сакале да апелираме до редовните учесници следната година да се пријават колку што можат побрзо, бидејќи настанот станува се попопуларен и попосакуван и надвор од границите на нашата држава.