Семинар во природа !!!

Posted on Categories Почетна

fc4df1f9-4c04-4d99-a762-607294257b03.JPGВе известуваме дека на 1 април, 2007 година, Буџинкан Македонија ќе организира семинар во природа на тема Фукија Џутсу (вештина на користење цевки за издувување стрелки).
Семинарот е од затворен тип односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Повеќе информации за семинарот можете да најдете во рубриката „Семинари“.

Принова во Буџинкан Македонија !!!

Posted on Categories Почетна

5e6b7738-8774-499a-bf0d-6e6283d3db9f.JPGНашето доџо Пат кон Сонцето и нашата организација Буџинкан Македонија
доби принова. Имено, нашиот член Томо Томовски (од лево) стана татко на
прекрасно мало девојченце. Женските нинџа воини во Јапонија се
нарекувале куноичи и ние искрено се надеваме дека малата куноичи ќе го
наследи татко си.
Му честитаме од се срце.

ИН МЕМОРИАМ – Почина Бони Малстром

Posted on Categories Почетна

7832809a-9863-4952-8824-eaf8fb9989f3.jpgПосле долго и тешко боледување почина една од највлијателните личности во Буџинкан Доџо, Бони Малстром.
Таа ќе остане запаметена како првата жена од Америка која го положила
Годан (5 Дан) тестот и како организатор на три интернационални Таи Каи
собири. Како сопруга на Бад Малстром (15 Дан), таа се грижеше за
обуката на женските членови во нивното доџо во Атланта.
Повеќе информации на:
http://www.bujinkanatl.com/about-bonnie.html
или пратете сочуство на:
http://www.bonniemalmstrom.com/

Нека и е вечна слава!