Игор Довезенски на турнеја во Германија

Posted on Categories Почетна

На покана на две германски Здруженија на граѓани од Германија, учителот Игор Довезенски одржа серија мотивациски и стручни предавања од областа на Куџи Ин 九字印, а кои се однесуваат на духовниот и менталниот аспект на тренингот на нинџите.

Истовремено, инструкторот на Буџинкан Македонија го посети и доџото на еден од најстарите германски учители – Штефен Фролих, при што заедно со него, како и со даи-шиханот Саша Увира, демонстрираше дел од своето знаење пред многубројните членови на Буџинкан заедницата од Германија.

За време на посетата беа остварени средби и со неколкумина други инструктори со кои беше договорена подлабока соработка во иднина.

Одржан меѓународниот БуЈуКаи VIII

Posted on Categories Почетна

Македонија беше домаќин на осмото издание на меѓународниот семинар БуЈуКаи, што се одржува два пати годишно наизмечнично во нашата држава и во Република Турција.

Како и секоја година, настанот се одржа во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија во прекрасното живописно село Довезенце кое се наоѓа под падините на мистичната планина Липац.

На семинарот учествуваа околу 35 учесници од Македонија и од Турција, а атмосферата беше фантастична.

Покрај двете тренинг сесии под водство на учителите Игор Довезенски и Ерџан Шарбат, слободното време беше искористено за посета на неколку културни-историски знаменитости.

Следниот БуЈуКаи ќе се одржи во Истанбул, а сите членови на двете Доџо-а веќе со нетрпение го чекаат овој преубав настан кој служи како мост за зближување меѓу двете земји.