Хоџутсу во дворот на Хомбу

Posted on Categories Почетна

Семинар за ракување со пушка, се одржа во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата за изучување класични јапонски боречки вештини – Пат кон Сонцето.

На настанот, учениците на Буџинкан Македонија имаа можност да се запознаат со техниките и положбите на стрелање од школата Геки рју Хоџутсу. За таа цел, место јапонска пушка-кременарка, учесниците користеа воздушни пушки, меѓутоа запазувајќи ги принципите и начините на Танегашима-та.
Инаку, за време на најплодниот период за развој на јапонските рју-ха, во Земјата на Изгрејсонцето постоеле околу 400-тина Хоџутсу школи.

На крајот на семинарот, беше договорено доколку и во иднина постои интерес за повторување на овој настан, тој да влезе во редовниот календар на настани на Буџинкан Македонија.