Во дворот на Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, во неделата се одржа традиционалниот семинар за Чигирики. Ова необично оружје, составено од стап на кој е закачен ланец со тег, во минатото било составен дел од арсеналот на неколку јапонски боречки школи. За жал, денес многу малку практичари се трудат да ја задржат традицијата преку неговата употреба односно преку вежбање со истото.
За време на семинарот се извежбаа вкупно девет техники, откако претходно инструкторот Довезенски ги објасни положбите, блоковите како и нападите со Чигирики.
Без сомнение и следната година повторно ќе организираме семинар на истата тема, бидејќи сме сигурни дека еден комплетен борец, мора одлично да го познава целиот арсенал на оружја кои се користеле од страна на јапонските легендарни воини – Самураите и Нинџите.