Месец: м.г
Одржана „Работилницата за Самоодбрана за Жени® VII“
Учесничките на семинарот со споделување на своите импресии го напишаа извештајот за седмата Работилница за Самоодбрана за Жени:
Паузата помеѓу двата тренинзи ја искористивме за прошетка низ околината, посета на легендарната кооперација на Дацко, фотографирање на довезенската убавина, ручече, детски игри и брканици низ доџо-то.
Вечерта имавме мала забава околу огнот, се разгракавме ко што само жени можат, се почестивме по една чашка домашен ликер и уморни и среќни се спремивме за спиење. Каминот светеше и не грееше, ноќта беше ведра и ветуваше убаво утро.
Благодарност до тебе Сенсеи и благодарност до сите што беа дел од овој прекрасен викенд!
Women Self-Defense Workshop® VII
„The Seven important rules of Self-Defense“ is the title of the seventh in a row „Workshop for Self-Defense for Women“. As every previous year the instructor of Bujinkan Macedonia, Igor Dovezenski, will educate the members of the gentler sex how to protect themselves in case of an attack or a physical abuse.
Chigiriki seminar held in the Hombu Dojo of Bujinkan Macedonia
At the end of the seminar, kohai Vladimir Antovski wrote a text on the Forum of Bujinkan Macedonia, where he shared his impressions of the weekend:
Работилница за Самоодбрана за Жени® VII
„Седум-те важни правила за самоодбрана“ ќе биде насловот на седмата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“. Како и секоја година претходно, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе ги едуцира припадничките на понежниот пол за тоа, како да се заштитат себеси во случај на напад или физичко злоставување.
Организацијата за изучување на класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, во 2008 година за прв пат во Македонија организираше ваков настан и оттогаш Работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.
Иако настанот започна да се организира првенствено за нашите членки, низ текот на времето се поголемо учество земаа сите припаднички на поубавиот пол, без разлика на годините или на нивото на знаење.
Потребна опрема: тренерки и маица (без патенти и копчиња). Се вежба на душеци (боси). За сите учеснички обезбедено е бесплатно спиење во доџо-то.
Датум на одржување: 24/25 октомври, 2015
Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо (62 км. од Скопје)
Дополнителни информации: 075 564 011 или на е-маил: daito_macedonia@yahoo.com
Ве молиме да не се стеснувате при поставувањето на прашањата.
Одржан Чигирики семинар во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија
Викендов што измина, во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беше одржан семинар за Чигирики. За тие што не знаат, ова егзотично јапонско оружје се состои од стап или метална прачка на која што има закачено ланец со тег.