Двајца нови Јуданши (Шодан-и) во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Буџинкан Македонија од вчера има двајца нови мајстори односно Јуданши (носители на мајсторско звање).
После речиси десетгодишно вежбање и усовршување во нашето доџо, со Шодан (прв Дан) заслужено се закитија семпаи Владимир Антовски и семпаи Михаил Дракалски.

За време на полагањето, тие успешно ги демонстрираа потребните техники и вештини кои се неопходни за стекнување на „црн појас“, со што влегоа во групата на ретките луѓе кои достигнале мајсторско звање добиено од учителот Игор Довезенски.

На настанот што се одржа во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беа присутни соборците, но и пријателите и роднините на Антовски и Дракалски.
Им посакуваме успех во понатамошното изучување и усовршување на јапонските тредиционални боречки вештини и желба што подолго да останат на Патот.

Буџутсу - талкање меѓу митот и реалноста

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија во неделата се одржа семинарот со наслов: „Буџутсу – талкање меѓу митот и реалноста“.

За време на настанот, учителот Игор Довезенски преку предавање, а потоа и рандори (слободна борба) ги соочи своите ученици со вистината околу реалната борба со оружје.

Сите учесници беа крајно задоволни од семинарот и побараа овој настан да влезе како редовен во годишната програма за семинари, оценувајќи го како „премногу корисен“ за нивниот напредок.

Да не должиме многу, ќе споменеме уште дека претходниот ден (сабота), Воините на Буџинкан Македонија организираа еколошка акција за чистење на коритото на реката Живуша која тече пред дворот на нашето Хомбу Доџо. При тоа беа собрани повеќе од 60 вреќи ѓубре, кое потоа беше соодветно отстрането.

 

Одржан ЈумиЈа семинарот

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, вчера се одржа уште еден семинар посветен на техниките на гаѓање со лак и стрела.

Настанот познат под името ЈумиЈа Џутсу е еден од најдолгите по продолжителност односно тој се одржува уште пред основањето на доџото во 1995 година.

За време на семинарот, учителот Игор Довезенски ги подучуваше своите ученици како да гаѓаат со самоделен лак, кој бил користен од страна на Шиноби воините и бил познат под името Маруки Јуми, како и со Ханкју – краток лак направен од бамбус.

Се изучуваа разни техники на гаѓање од разни положби и позиции, а некои од учесниците веќе почнаа да покажуваат задоволителни резултати.

Следниот семинар во природа ќе биде на тема: „Буџутсу – талкање помеѓу митот и реалноста“. Се гледаме!

Силата на Јари - одржано јубилејното издание

Posted on Categories Почетна

Десетото по ред издание на традиционалниот семинар посветен на борбата со копје (СоЏутсу), се одржа во неделата на полјаната во близина на шумата Млака во долината под планината Липац.

Како и секоја година, нема доволно зборови за да се опише овој настан кој посветените членови на Буџинкан Македонија со нетрпение го чекаат цела година.

Покрај редовните и докажаните, го истакнуваме учеството на најмалиот учесник Петар Довезенски, кој иако има само осум години, го издржи целиот семинар не застанувајќи ниту еднаш под налетите на копјата на постарите Воини на доџото.

На крајот уште да му честитаме на семпаи Таки Гаковски, кому од страна на учителот Игор Довезенски му беше доделено Деншо во кое се впишани сите техники со Јари.

Уште еден ШурикенЏутсу семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Две недели по последниот Тогакуре рју, во саботата се одржа уште еден семинар посветен на вештината на гаѓање со Шурикени.

Овој пат, учесниците имаа можност да вежбаат техники од друга Нинџутсу школа, а гаѓањето се изведуваше со Сенбан и со Ига Хира Шурикени.

Прекрасно исполнетиот ден, заврши со дозвола и слободно време наменето за гаѓање од различни типови Шурикени кои се наоѓаат на ѕидот на Хомбу Доџо-то, како најава за следниот Шурикен семинар.