Шиноби Таисо семинар за истоимената секција на Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Во неделата во Хомбу Доџото на „Пат кон Сонцето“ се одржа семинар специјално посветен за секцијата за Шиноби Таисо на Буџинкан Македонија.

За време на настанот учесниците практикуваа неколку различни дисциплини меѓу кои 庭歩禅 Теихозен (зен преку одење низ градина), потоа Џунан Таисо (јапонска јога), како и 森林浴 Шинрин Рјоку (капење во шума).

На барање на членовите на секцијата, беше договорено овие семинари да се одржуваат барем два пати во годината.

Полагање за ученички звања

Posted on Categories Почетна

Во петокот во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа полагање за повисоки ученички звања.

Со тоа, нашето Доџо се здоби со нови кохаи (помлади ученици), а еден од нив заслужи неговото име да биде ставено на Нафуда Каке во Хомбу-то на Буџинкан Македонија.

Им честитаме на сите кои успешно положија за нови повисоки степени.

30 години Буџинкан Македонија!

Posted on Categories Почетна

Со неверојатна забава во срцето на селото Довезенце, беше одржана прослава под отворено небо по повод 30 години од основањето на единствениот нинџутсу клуб во Републиката – Буџинкан Македонија.

На забавата присуствуваа поранешни и сегашни членови на доџото, како и пријатели кои негуваат длабока почит кон тоа што го работиме и создаваме.

Атмосферата беше неверојатно позитивна, луѓето пресреќни и насмеани, а за забавата да биде луда и до крај откачена се погрижија уметниците од Брука Бенд, Пука Козметика, Дре и Диџеј Жолтиман.

Буџинкан Македонија е официјалниот претставник на меѓународната организација Буџинкан Доџо (Bujinkan Dōjō) во Република Македонија и работи под водство на учителот Игор Довезенски – првиот Македонец кој ја донел автентичната боречка вештина Нинџутсу во земјата.

Тој е основач на Буџинкан Македонија, долгогодишен ученик и практикант на традиционалните јапонски боречки вештини. Поседува официјална лиценца издадена од Буџинкан Хомбу Доџо (Bujinkan Honbu Dōjō) во Јапонија, под водство на д-р Масааки Хацуми, основачот на Буџинкан.

Покрај тоа што е боречки учител, Довезенски е познат и како истражувач на македонската духовна и културна традиција, што му дава посебна длабочина во пристапот кон будото. Тој не го гледа Буџинкан само како боречка техника, туку како начин на живот, во кој се спојуваат физичката подготвеност, дисциплината, духовниот раст и почитта кон природата и предците.