Летен Нинџа Камп XIV

Posted on Categories Почетна

Најголемиот и највеличенствениот настан што се одржува под покровителство на Организацијата „Пат кон Сонцето“, успешно ја испиша и 14-тата страница во клупската историја.

Во периодот меѓу 4 и 12 август, членовите на Буџинкан Македонија имаа можност да уживаат во деветте незаборавни денови исполнети со тренинзи, а збогатени и со најразлични активности и дружби.

Бидејќи не постојат зборови да се опише возбудата и среќата кои се верни и гарантирани придружници на нашите летни кампови, ни останува само да Ве поканиме следната година да бидете дел од овој наш преубав настан.

Одржан летниот “Детски Нинџа Камп VI“

Posted on Categories Почетна

Шестиот по ред „Детски Нинџа Камп“ се одржа во периодот меѓу 27 јули и 2 август, при што нашите најмлади членови имаа можност да уживаат во незаборавните летни авантури организирани од страна на единственото нинџа школо во државата – Буџинкан Македонија.

Како и секој камп, така и овој беше исполнет со безбројни детски насмевки предизвикани поради огромната радост и многубројните активности за време на настанот.

Два нинџа тренинзи на ден, ноќни акции, часови за уметност и за историја, квизови на знаење, вкусни и здрави оброци, многу забава и дружење, сето тоа е само мал дел од нашата програма наменета за Нинџа Клинците на Буџинкан Македонија.

Се гледаме следната година на истото место и во истиот термин.