Одржан седмиот БуЈуКаи во Турција

Posted on Categories Почетна

Традиционалниот пријателски семинар меѓу Буџинкан Македонија и Буџинкан Турција што се одржува два пати годишно во секоја од наведените земји, повторно ги собра љубителите на Нинџутсу во Истанбул. Седмиот по ред БуЈуКаи беше во организација на Хабураму Доџо и инструкторот Ерџан Шарбат.

Како и секоја година, екипата на Буџинкан Македонија простигна два дена порано во „градот на Царевите“, со цел да ужива во прошетките на синиот Босфор, како и низ старите калдрми на чаршиите. Дружењето помага во поголемо зацврстување на пријателството кое веќе долги години се негува меѓу членовите на двата клуба.

Покрај учесниците од земјата домаќин и од Македонија, имавме и учесници од Србија, со што семинарот ја продолжи меѓународната традиција на собирање на љубителите на Нинџутсу од повеќе земји.

Учителот на Буџинкан Македонија, оваа година одлучи токму во Цариград да го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, опкружен со своите деца, ученици и блиски пријатели, кои го изненадија со прекрасен поклон што веќе е закачен на ѕидот на Хомбу Доџото во Довезенце.

За време на настанот, Довезенски и Шарбат предаваа основни и напредни техники и принципи, а учесниците со уживање го впиваа знаењето собрано низ годините од страна на двајцата инструктори.

Следниот БуЈуКаи ќе се одржи на пролет во Македонија, а во план е едно големо изненадување за сите учесници на настанот.

Маркирајте го Вашиот календар уште сега и очекувајте го осмото продолжение на традиционалниот БуЈуКаи.

Одржан семинарот за КјокетсуШоге

Posted on Categories Почетна

Еден ден по семинарот за КусариГама, се одржа и семинар за КјокетсуШоге, настан кој исто така е дел од редовната програма на Буџинкан Македонија.

Преубавиот есенски ден само додаваше убавина на деветте кати кои учениците на Игор Довезенски неуморно ги вежбаа со цел да ги усовршат своите нинџа вештини.

Ова беше последниот семинар во Хомбу за 2024 година. Се гледаме следната сезона.

КусариГама во Хомбу Доџо

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија во саботата се одржа еднодневен Тогакуре рју семинар посветен на необичното јапонско средновековно оружје КусариГама.

За време на семинарот, учесниците имаа можност да вежбaт десет техники со КусариГама, при што покажаа одлични резултати односно брзо успеава да ги разберат и да ги применат катите од оваа древна нинџутсу традиција.

Вечерта беше искористена за друштвени игри и опуштање во Хомбу-то кое после реновирањето изгледа уште попривлечно и плени со својата убавина.