Сакам да Ве известам дека операцијата на срцето извршена над учителот
Ед Мартин „Папа Сан“ поминала добро и дека докторите прогнозираат добра
завршница. Во последниот наш контакт, тој беше оптимистично расположен
и не сакаше да слушне за одложување на неговиот семинар во нашата
земја, кој треба да се одржи на 17/18 мај, 2008 година.
На една од официјалните веб-страници на Буџинкан Доџо, поставен е линк до форумот Kutaki
, каде што неговите ученици и пријатели се обидуваат на најразличен
начин да соберат парични средства со цел да му ги олеснат големите
болнички трошкови.
Ние, како негови пријатели и ученици, ќе се вклучиме во акцијата, преку
организирање на еднодневен семинар, а средствата собрани од истиот, ќе
бидат испратени на неговата банковна сметка.
Семинарот ќе се одржи на 2 март (недела), со почеток во 11.00 и ќе трае
до 15.00 часот. Тема на семинарот ќе биде „Ханбо Џутсу“, а цената на
семинарската такса ќе изнесува 500 денари.
Papa San, Gambate Kudosai !
Месец: м.г
Неделен Хомбу Доџо тренинг – Јавара Џутсу
На 24 февруари (недела), во Хомбу Доџото на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, ќе се одржи тренинг на тема Јавара Џутсу.
На овој настан ќе може да присуствуваат сите ученици на Буџинкан
Македонија, без разлика на нивото на знаење. Инаку, јавара е кратко
дрвено стапче, чија што должина може да варира од 10 до 30 сантиметри,
но предноста на оваа вештина е што јаварата може да биде заменета со
било кој предмет што го користиме секојдневно, како што е пенкалото,
моливот, чешелот, привезокот за клучеви и слично.
Целосна боречка вештина, која користи целосно легални предмети од
секојдневието и одлични техники кои овозможуваат самоодбрана во секое
време и на секое место.
Тренингот ќе започне во 11.00 и ќе трае до 14.00 часот (цена 200
денари), а потоа ќе следува прикажување на документарниот филм „Човекот
како оружје“, снимен и прикажуван на сателитскиот канал „Хистори“, во
кој, како тема е обработена вештината нинџутсу. Секако, сето тоа ќе
биде проследено со стручен коментар и објаснување.
Не пропуштајте го овој тренинг. Пријавете се на време!
П.С. Понесете со вас дрвено односно метално стапче, чешел или пенкало.
Успешно одржан семинарот во природа – Танбо Џутсу
Ве неверојатна чиста и сончева февруарска недела, истовремено
проследена со ниска временска температура, на планината Липац се одржа
семинарот посветен на вештината на користење на краток стап-танбо.
На семинарот се обработуваа техники на удирање и блокирање со еден или
со два стапа истовремено, но и одбрана од најразлични удари и зафати,
како и одбрана од напади со стап и меч.
Учениците на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, најмногу
уживаа во совладувањето на техниките со два стапа истовремено, а
посебно за време на демонстрацијата од страна на својот учител.
По завршувањето на семинарот, учесниците ја посетија црквата Свети
Спас, изградена на почетокот на 17 век, при што имаа можност да научат
нешто повеќе за историјата на ова православно светилиште.
Што повеќе да се каже, за еден таков прекрасен ден поминат во вежбање на најкомплетната боречка вештина-нинџутсу.