The way of Shugenja (how far are the human limits)

Posted on Categories Uncategorized

How far can human limits go?
During yesterday’s seminar, we discovered the answer.
In 15 hours and 40 minutes we passed almost 80 kilometres, under the motto: Move and burn or stop and die!

The seminar started with 11 people, who in 8:10 hours in the morning began the spiritual journey from the starting point at the base of the mountain Lipac.Shugendo2.jpg Moving over the peaks of hills, in short time passed the village of Strezovce and started entering the village of Makresh. Unfortunately, in that moment two of the attendees decided to quit the seminar.  The nine that remained continued the journey and showed really strong willpower and dedication to endure to the end. We moved along the dried riverbed of the river Petroshnica, to later move on west towards the hill Peros. Using a compass and an old topographic card, the road took us through the village of Dobracha, afterwards through the village of Bajlovce from where we climbed on the hill Visoka (764 m), in order to continue moving over the hilltops surrounding the area. We kept moving west, entering a dense pine forest followed by an oak forest, which led us too the southern base of Tatichev Kamen in the village of Kokino. That was our last destination before our journey back to Lipac. Until here, after around 30 km passed over hard terrain with a killer fast tempo of movement, a few of the attendeesShugendo_1.jpg started getting leg cramps. Sensei Igor Dovezenski used Hichibuku Goshinjutsu in a few occasions during the seminar and succeeded in restoring the walking ability of these people. Their strong wish and dedication to achieve the goal did their part as well. We all climbed at the plateau of the ancient megalithic observatory

The way of shugenja, or rather the return from it, continued through a different route. The leader of Bujinkan Macedonia allowed a vote: they will return using the path to come here or a much easier but a lot longer road. The attendees chose the second option. The march went on with the same killer tempo as before. We returned by passing the villages of Kokino, Stepance, Puzhaljka, Dragomance, Staro Nagorichane and finally, around 20.30 hours, we arrived at the village of Mlado Nagorichane. Here,Shugendo3.jpg the situation  became critical for most of the attendees. Because of the full-day walking, they had wounds on their feet, trouble with their knees and muscles, and one of them even had mild disorientation and hallucination. To finish this journey we had to walk exactly 15 km more – our vehicles were left at the starting point and those were our only means of transport to Skopje. Because of the injuries that most of the people suffered, we agreed that only those that could will continue the journey and the rest will remain on the road until we return for them with our vehicles.

Thus, at 20:40 hours, the journey was continued by four warriors from Bujinkan Macedonia: sensei Igor Dovezenski, Goran Bogdanovski, Carl Campeau and the young Anton Perchinkov, who dragging his legs succeeded in passing 5 more kilometres, to afterwards remain waiting for us to reach the vehicles and come back for him. The last ten kilometres were horrible. Bogdanovski had problems with his right knee, Dovezenski had a bleeding foot, they literally dragged their feet along the dusty road, while Campeau explained that he found out how will he move when he’s 80 years old. During this, with improvised spears (jo staff with a knife bound on top of it), we had to defend ourselves a couple of times from shepherd dogs. The Shugendo seminar turned itself into a test of our survival skills. The last kilometre, we didn’t really move to finish the seminar, but to reach our vehicles and go back for our comrades, who in bad condition, hurt extremities and fever, were left to wait on the road. At 23:50, we reached the goal.

In the end, we were all happy that the seminar was a success.
We congratulated each other, and reminisced the moment when in Kokino (on the top of Tatichev Kamen), we held each others hand in a circle and obliged to an everlasting friendship. In good or bad.

Until now, when we had contact with people who trained Gendai Budo (modern martial arts), we had situations when we had to explain what exactly is Koryu Bujutsu (ancient martial arts) and why we train the nine school of Bujinkan Dojo. From now on, we are not going to explain or trying to prove anything. Anyone who wants to know, may come to the next Shugendo seminar.

Патот на Шугенџа (до каде се човечките границите)

Posted on Categories Почетна

До каде можат да одат човечките граници?
За време на вчерашниот семинар го дознавме одговорот.
За 15 часа и 40 минути, успеавме да поминеме речиси 80 километри, под мотото: Движи се и изгори или застани и умри!

Семинарот стартуваше со 11 учесници, кои во 08:10 часот го започнаа духовното патување од почетната точка односно од подножјето на планината Липац. Движејќи се по сртовите на Shugendo2.jpgридовите, за кратко време го поминавме селото Стрезовце и почнавме да навлегуваме во селото Макреш. За жал, во тој момент двајца од учесниците се откажаа. Патот го продолжија деветмина, кои навистина покажаа силна воља и посветеност да истрајат до крај. Се движевме по сувото речно корито на реката Петрошница, за потоа да се упатиме на запад кон ридот Перос. Со помош на компас и стара топографска карта, патот не одведе низ атарот на селото Добрача, а потоа во селото Бајловце се искачивме на ридот Висока (764 м), за да продолжиме да се движиме преку сртовите на околните ридови. Двежејќи се повторно на запад, влеговме во густа борова, а потоа и во дабова шума, по што излеговме право пред источното подножје на Татичев Камен во селото Кокино. Тоа беше нашата последна дестинација пред враќањето назад кон Липац. Дотука, после поминати 30-тина километри по стрмен и нерамен терен со убиствено брз ритам на движење, неколкумина од учесниците Shugendo_1.jpgпочнаа да добиват грчеви на нозете. Сенсеи Игор Довезенски на неколку пати со употреба на методи на масажа од Хичибуку Гошинџутсу, успеа на неколку пати да ги оспособи за движење. При тоа и нивната голема желба и посветеност да стигнат до одредницата го сторија своето. Сите заедно се искачивме на платото на древната мегалитска опсерваторија.

Патот на шугенџа односно враќањето на почетната точка продолжи по друга рута. Имено, водачот на Буџинкан Македонија дозволи по пат на гласање, учениците сами да изберат дали ќе се враќаат по истиот стрмен или сакаат да одбераат порамен, но доста подолг пат. Учениците ја одбраа втората опција. Маршот повторно започна со убиствено темпо. Се враќавме поминувајќи низ селата Кокино, Степанце, Пужаљка, Драгоманце, Старо Нагоричане, за најпосле, околу 20.30 часот, да излеземе пред селото Младо Нагоричане. До тука, веќе ситуацијата беше Shugendo3.jpgкритична за повеќето учесници. Најголем дел од нив, поради целодневниот марш, имаа добиено големи рани на стопалата, потоа проблеми со колената и мускулите, а кај еден од учениците почна да се јавува блага дезорентација и халуцинации. До крајот на Патот на Шугенџа остануваа уште точно 15 километри, а на местото на појдовната точка беа оставени нашите возила со кои требаше да се вратиме назад во Скопје. Поради повредите на поголем дел од учениците, беше договорено патот да го продолжат тие кои се во можност да го сторат тоа, а останатите да чекаат се додека не се заврши со семинарот и не се вратиме со возилата по нив.

Така, во 20.40 часот, патот го продолжија четворица воини од Буџинкан Македонија: сенсеи Игор Довезенски, Горан Богдановски, Карл Кампо и младиот Антон Перчинков, кој влечејќи ги двете нозе успеа да помине уште 5 километри, за потоа и тој остане да чека да стигнеме до возилата.
Последните десет километри беа ужасни. Богдановски со проблеми со десното колено, Довезенски со крваво стопало, буквално ги влечеа нозете по правливиот пат, додека Кампо објаснуваше дека дознал како ќе биде неговото движење кога ќе наполни 80 години. При тоа, со импровизирани копја (џо стап со заврзан нож на врвот), моравме да се браниме на неколкупати од глутници овчарски кучиња. Шугендо семинарот се претвори во тест за нашата вештина за преживување. Последниот километар, не се движевме за да го завршиме семинарот, туку да стигнеме до возилата и да отидеме кај нашите другари кои во лоша состојба, со повредени екстремитети и треска, беа оставени да чекаат попатно. Во 23.50, стигнавме до целта. 

На крајот, сите бевме пресреќни што семинарот успешно заврши.
Си честитавме меѓу себе и се присетивме на моментот кога во Кокино (на врвот Татичев Камен) се фативме сите за раце во круг и се обврзавме на вечно другарство. И во добро и во зло.

Досега, при контактите со лица кои вежбаат Гендаи Будо (современи боречки вештини), сме доаѓале во ситуација да објаснуваме што е тоа Корју Буџутсу (древни боречки школи) и зошто ги вежбаме деветте школи на Буџинкан Доџо. Отсега па натаму, нема да докажуваме ништо повеќе. Кој сака да дознае, нека дојде на следниот шугендо семинар.

The way of Shugenja

Posted on Categories Uncategorized

On the 27th of September 2009, Bujinkan Macedonia members will hold the traditional spiritual journey in nature called The way of Shugenja. This year, for the first time, our students had an opportunity to choose one of the four suggested routes, they chose the route from the base of Lipac to Kokino. The total distance we will cross during the shugenjo’s way is unknown, which of course, contributes for more enjoyment, but also more alertness and carefulness. We will visit the passing churches and monasteries, as well as the rest of the passing holly places, where through meditation and prayer we will refill our lost energy. We will use only old topographic maps and compass as helpful tools.
Shugenjo is an ancient Japanese method of exploring the relations between man and nature. Literally translated, Shugenjo means “Way of training andShugendo_Lipac.jpg testing”, in other words it is an ascetic discipline which has a goal to achieve self-improvement through living in mountain, meditating under cold river waterfalls, breading exercises in remote unreachable terrains, until reaching unbelievable feats through testing of one’s body and mind’s endurance. Those practicing this method are known by the name Shugenja, and the teaching is practiced in Japan to this day.
The founder of this teaching is considered to be En no Gyoja who lived near Kyoto in the 7th century A.D. Another name, by which the followers of this teaching were known, is Yamabushi or Mountain Warriors. They roamed the mountain tops of the Japanese islands, visiting and protecting the many temples.
These people, together with the deserting Chinese generals after the fall of the Tang dynasty, are considered to be the founders of the art of Ninjutsu.

Subject: Shugenjo’s Way / Spiritual journey

Day: September the 27th 2009 (Sunday)

Place: Lipac – Kokino

Schedule:
07:00 hours – leaving from Skopje
08:00 hours – arriving and starting the march
??.?? – going back

Equipment: Take everything you have, the heavier the better (and safer).

P.S. There is a possibility of encountering wild animals, rain and bad weather conditions, as well as other unforeseeable things.
*Before you enroll search our web-site for some information about the seminar from previous years.

Патот на Шугенџа - традицијата продолжува

Posted on Categories Почетна

На
27 септември, 2009 година, членовите на Буџинкан Македонија ќе го одржат традиционалното духовното патување во природа наречено Патот на Шугенџа.
Оваа година, нашите ученици имаа прв пат можност самите да изберат една од четирите предложени патеки, а ја одбраа рутата од подножјето на Липац до Кокино. Вкупната километража што ќе ја
изминеме на Патот на Шугенџа е непозната, бидејќи ќе се движиме во
најголем дел по непознат предел, што секако, допринесува за поголемо
уживање, но и поголема будност и претпазливост. Ќе ги
посетиме попатните цркви и манастири, Shugendo_Lipac.jpgкако и останатите свети места,
каде преку медитација и молитва ќе ја надополниме загубената енергија.
Како помошни средства ќе користиме единствено стари топографски карти и
компас.
Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите помеѓу човекот и
природата. Во буквален превод, Шугендо значи „Пат на вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
постигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.
За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел во близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати, е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.

Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување

Ден: 27 септември, 2009 (недела)

Место: Липац-Кокино

Програма:    07.00 часот – поаѓање од Скопје
                     08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
                     ??.?? –  враќање назад

Опрема: Земете се што имате, колку потешко-толку подобро (и побезбедно).

п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд и невреме и останати непредвидени работи.

* Пред да се пријавите, „прочепкајте“ ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.