На бината на Домот на
културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, се одржа семинар на тема
„Запознавање со школите на Буџинкан“. На овој настан учество земаа 25 лица од
општината, како и од доџо-то на Буџинкан Македонија.
Под водство на
инструкторот Игор Довезенски, помогнат од неговите постари ученици, учесниците
на семинарот имаа можност да вежбаат основни техники од четири школи на
Буџинкан и тоа: Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу, Гјокко рју Кошиџутсу, Кото рју Коппоџутсу и Такаги Јошин рју Џутаиџутсу. Како и секогаш, тренингот беше доста
напорен, но на крајот сите беа задоволни од наученото. Ова особено важи за
учениците на Буџинкан Македонија, кои посебно се радуваат кога се повторуваат
основите на нашите вештини, што, пак, покажува дека тие се зрели воини кои ја
разбираат моќта на Кихон-от.
По завршувањето на
тренингот, членовите на Буџинкан Македонија, заедно со организаторот на
семинарот Панче Коцев, го посетија надалеку познатиот археолошки локалитет
Стоби, каде што уживаа во богатата историја на нашата преубава земја.