Чигирики семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во неделата во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија се одржа семинар за Чигирики.

Се обработуваа сите положби на телото, како и деветте техники кои се вежбаат во Буџинкан Македонија, а мора да се забележи дека учениците на учителот Игор Довезенски на секој следен семинар покажуваат се подобри резултати.

За време на семинарот сите учесници уживаа во убавото време, како и во вкусното грозје кое расте во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

Тогакуре рју ШурикенЏутсу

Posted on Categories Почетна

Семинар за шурикени од школото Тогакуре рју Нинџутсу беше одржан во саботата во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

Учителот Игор Довезенски во детали ги предаваше техниките на оваа школа, додека десетте учесници неуморно го впиваа знаењето и ја усовршуваа својата техника.

Вечерта помина во играње друштвени игри и долги разговори, а не изостана и заедничката вечера во летната кујна на Доџото.

Учителот Игор Довезенски подучуваше во Чикаго (САД)

Posted on Categories Почетна

Завчера заврши двонеделното патување на водачот на Буџинкан Македонија во Илиноис (Соединетите Американски Држави).

Тој поточно престојуваше во градот Чикаго на покана на неколкумина сопственици на луксузни резиденции и хотели во центарот на градот, како и во Оак Парк – една од елитните населби. За време на престојот, Довезенски предаваше во јога/фитнес студијата наменети за резидентите и гостите, при што ги запозна со системот Шиноби Таисо кој одлично беше прифатен од учесниците.
Сесиите се одвиваа секој ден наутро и попладне, при што на барање на вежбачите, учителот држеше и приватни/индивидуални часови.

Истовремено, Довезенски одржа и часови за Нинџутсу на неколкумина ЏуЏутсу натпреварувачи, кои беа воодушевени од неговата техника како и од вештината која што ја претставува. Иако доби покана перманетно да остане и да работи во Чикаго, Игор Довезенски носен од патриотскиот дух, како и од неизмерната љубов кон своите деца и ученици, без размислување ја одби понудата, иако вети дека повторно ќе го посети и ќе предава во „ветровитиот град“.