Успешно одржан семинарот со Филип Бартош

Posted on Categories Почетна

aa435d01-34e3-485f-908f-f1e1e14c0948.jpgВо позитивна и работна атмосфера, викендов во Скопје се одржа
најавениот нинџутсу семинар со чешкиот мајстор Филип Бартош (10 дан).
Семинарот беше организиран од страна на Нинџутсу Сојузот Буџинкан
Македонија, на тема Кукишинден Рју.
На семинарот се вежбаа катите од првите три нивоа на школата Кукишинден
Рју, според деншото кое Филип Бартош Шихан го добил од неговиот
јапонски учител Тетсуџи Ишизука, но не изостана и тренингот со оружје.
Така, со ханбо се вежбаа катите од првото ниво на Кукишинден Рју, а
потоа се повторуваа основните техники со меч од споменатата буџинкан
школа.
Мора да се истакне дека тренингот се одвиваше на многу високо ниво,
техниките беа доста сложени, а се вежбаше без одмор во текот на двата
дена. Но, и покрај големиот напор, видливо беше расположението и
задоволството на сите наши членови кои учествуваа на настанот.
Последниот ден, семинарот беше продолжен за уште еден час, по што
учениците на Буџинкан Македонија имаа можност да поставуваат прашања во
врска со искуството на Филип Бартош во Јапонија.
На крајот, чешкиот Шихан истакна дека е презадоволен од квалитетот на
работата во Буџинкан Македонија и ни даде огромна подршка да продолжиме
со нашата работа на ист начин како и досега. Исто така, тој вети дека
при неговото следно заминување во Јапонија, веднаш ќе ги информира
јапонските шихани за квалитетната работа во нашето доџо.
Слободното време во текот на доцните вечерни часови беше искористено за
дружење во скопските ресторани и кафулиња, а шиханот имаше можност да
се увери во квалитетот на македонската храна, а пред се, на
македонското пиво, бидејќи како и сите Чеси, и тој се покажа како голем
љубител на „златната капка„. Во долгите разговори во врска со нашата
вештина, Филип Бартош и учителот на Буџинкан Македонија заклучија дека
на организацијата Буџинкан Доџо и претстојува уште подобра иднина и
дека најважно од се е редовниот тренинг, а не ширењето гласини наоколу
за тоа „кој има добар таиџутсу, а кој лош“.
Следниот семинар со Филип Бартош се закажа за 2009 година.
Filip, see you again in 2009.

Неделен хомбу тренинг

Posted on Categories Почетна

Ве информираме дека во недела (18.11.2007), во Хомбу Доџо ќе се одржи неделен тренинг на тема Кихон Ката Таиџутсу.
Тренингот ќе послужи како загревање пред претстојниот семинар со шихан
Филип Бартош, следната недела. Бидејќи ќе се работат основни техники,
ги охрабруваме почетниците да присуствуваат.
Тренингот почнува во 11.00 и ќе трае до 15.00 часот, а цената изнесува
само 100 денари. Како што знаете, тие средства се користат за плаќање
на дополнителниот термин (за просторот).

Принова во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Со голема радост ги известуваме нашите членови и пријатели дека семпаи Н.Д., вчера роди прекрасно женско бебенце.
Ете, и тоа се случи во историјата на Буџинкан Доџо, еден член редовно
да вежба цели девет месеци за време на бременоста, речиси до последниот
ден пред породувањето. 
Одиме напред…