Еден ден по ХоЏутсу, се одржа и традиционалниот семинар за Лак и Стрела (Јуми Ја), на кој присуствуваа речиси 20 членови на Буџинкан Македонија.
Временските услови беа како создадени токму за ваков тип на тренинг, со што уживањето беше уште поголемо. Се гаѓаше со неколу видови азиски лакови, на три мети.
По завршувањето на семинарот, учителот на Буџинкан Македонија додели два бронзени медали Генин на двајца свои ученици кои повеќе од десет години редовно вежбаат во Доџото. Тие заслуги им припаднаа на Тодор Ангеловски и на Константин Анастасијевиќ.
Следниот Нинџутсу семинар во Хомбу Доџо ќе биде меѓународниот БуЈуКаи кој ќе се одржи на 10/11 мај, а подготовките за истиот се веќе започнати.