Традиционалниот семинар за борба со копје насловен како „Силата на Јари“, во организација на Доџото за самурајски и нинџа вештини „Буџинкан Македонија“, се одржа по единаесети пат. На настанот учествуваа десет Воини на Буџинкан Македонија, меѓу кои и трите деца на учителот Игор Довезенски.
И овој пат, како и минатата година, поле беше на работ на шумата Млака во селото каде што е сместено Хомбу Доџо-то. Местото е одбрано за да наликува на бојните полиња од средновеновна Јапонија. Претходно, „Силата на Јари“ се одржуваше на местото Слепо Коло, поради специфичниот ридест и нерамен терен, а се со цел учениците да научат да се борат на секакви теренски услови.
На семинарот, учителот Довезенски со особено внимание ги следеше техниките изведени од страна на семпаите Владимир Антовски и Михаил Дракалски. По кратката анализа одлучи дека нивниот развој се одвива поволно и дека е време да добијат деншо во кое се пишани сите техники од вештината Соџутсу кои се вежбаат во нашето доџо. Малата церемонија на доделување на деншо-то ќе се одржи за време на традиционалниот семинар „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“.