New group for the youngest – Ninja Kids II

Posted on Categories Uncategorized

Bujinkan Macedonia in October is opening another group by request of the parents, called „Ninja Kids II“, that will work on Mondays and Wednesdays from 18:00 to 19:00 o’clock for the children that are not able to attend the classes in Tuesdays and Thursdays due to other activities (English courses, ballet, music school).


By doing this we hope to make it possible to all interested children to study the arts of the Japanese samurai and ninja warriors.

For additional information you can freely contact the instructor that will be in charge of the new group – sempai Todor Angelovski (071 510 593). 

Нова група за најмладите - Нинџа Клинци II

Posted on Categories Почетна

На барање на родителите чии деца не се во можност да вежбаат во вторник и во четврток поради учество на други активности (англиски јазик, балет, музичко училиште), Буџинкан Македонија од октомври отвора уште една група „Нинџа Клинци II“, која што ќе работи во понеделник и среда од 18:00 до 19:00 часот. 


Се надеваме дека на овој начин ќе можеме да им излеземе во пресрет на сите дечиња кои се заинтересирани за изучување на вештините на јапонските самураи и нинџи. 

За повеќе информации, слободно обратете се на инструкторот кој ќе биде задолжен за водење на новата група – семпаи Тодор Ангеловски (071 510 593). 

Ninja Kids of Bujinkan Macedonia – guests on the national Macedonian Television

Posted on Categories Uncategorized

Yesterday the kids section of Bujinkan Macedonia, the Ninja Kids, nobly presented our dojo on the show „Golem Odmor“ that is emitted daily on MTV1.
Led by the instructors responsible for their training, sempai Todor Angelovski and kohai Taki Gakovski, our youngest members demonstrated the techniques from Sanshin no Kata and the basic grips from Kihon Happo.
Besides the praises from the employees of the national television, during the day we got many mails that expressed support for the kids’ dedication and diligence, as well as compliments for the excellent demonstration of the arts we study at Bujinkan Macedonia.
We believe that the children will continue working as hard, and will readily defend the „colors“ of our dojo.

Нинџа Клинците на Буџинкан Македонија - гости во националната Македонска Телевизија

Posted on Categories Почетна

Детската секција на Буџинкан Македонија односно Нинџа Клинци-те, вчера достоинствено го претставија нашето доџо за време на гостувањето во емисијата „Голем Одмор“ што секојдневно се прикажува на МТВ1. 

Предводени од инструкторите одговорни за нивната работа, семпаи Тодор Ангеловски и кохаи Таки Гаковски, нашите најмлади членови ги демонстрираа техниките од Саншин но Ката и основните зафати од Кихон Хаппо. 
Покрај добиените пофалби од страна на вработените во националната телевизија, во текот на денешниот ден добивме и многу мејлови во кои се искажува подршка кон нивната упорност и трудољубивост, како и честитки за добрата демонстрација на вештините кои ги узучуваме во Буџинкан Македонија. 
Веруваме дека дечињата и понатаму ќе продолжат да работат вредно како и досега и дека секогаш подготвено ќе ги „бранат боите“ на нашето доџо. 

The classical Japanese martial arts in Macedonia have been promoted to an academic level

Posted on Categories Uncategorized
On 14th of September 2015, at the Faculty Counsel at the Institute of Ethnology and Anthropology, the members of the board unanimously approved the project proposal of Igor Dovezenski to open a „Laboratory for Eastern Cultures“ within the Institute, and for the first time in Macedonia, classical Japanese martial arts are taken to the academic level. With that, the students from the department IEA for the subjects „Ethnology of Asia“ and „Ethnology of Japan“ are going to have mandatory classes where through exercises, they will study the theory, as well as the techniques of the arts that are taught in the Organization „Taiyou e no Michi“.
The instructor Igor Dovezenski would like to use this opportunity to express his tremendous gratitude to the Head of the Institute of Ethnology and Anthropology, Dr. Ljupcho Risteski, and to his colleagues as well for the enormous support throughout the realization of the idea.
At the same time we inform all high school students in the Republic of Macedonia who are interested in the Eastern Cultures, and all fans of the culture and the tradition of the „Land of The Rising Sun“, that with the enrollment and studying at the Institute of Ethnology and Anthropology would have the opportunity to acquire knowledge from the physical, social and spiritual culture of Japan.

Јапонските класични боречки вештини во Македонија се издигнуваат на академско ниво

Posted on Categories Почетна
На 14 септември, 2015 година, на седницата на Стручниот совет на Институтот за етнологија и антропологија, членовите на колегиумот едногласно го одобрија предлог-проектот на Игор Довезенски за отворање на „Лабораторија за Источни Култури“ во рамките на Институцијата, со што за прв пат во Македонија класичните јапонски боречки вештини се издигнуваат на академско ниво.
Со тоа, студентите кои студираат на ИЕА, во рамките на предметите „Етнологија на Азија“ и „Етнологија на Јапонија“ задолжително ќе посетуваат настава при што за време на вежбите ќе ја изучуваат теоријата, но и техниките на вештините кои што се предаваат во Организацијата „Пат кон Сонцето“. 
Инструкторот Игор Довезенски, ја користи оваа прилика да ја изрази својата огромна благодарност кон Раководителот на Институтот за етнологија и антропологија, д-р Љупчо Ристески, како и кон сите останати колеги за безрезервната подршка во остварувањето на идејата. 
Истовремено ги информираме сите средношколци во Република Македонија кои се интересираат за источните култури, но и сите љубителите на културата и традицијата на „Земјата на Изгрејсонцето“, дека со запишувањето и студирањето на Институтот за етнологија и антропологија, ќе имаат можност да се стекнат со знаења од областа на материјалната, социјалната и духовната култура на Јапонија.