Тоами семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

После неколкуте меѓународни семинари одржани под водство на учителот Довезенски, конечно дојде на ред и месечниот редовен семинар во Хомбу Доџо, на тема Тоами (Нинџа Мрежа).

На семинарот учествуваа десетина членови на Буџинкан Македонија кои ги повторија катите со ова оружје од легендарната нинџутсу школа Тогакуре рју.

Временските услови беа одлични, а сенката под столетниот орев во дворот на Хомбу идеална за одржување на еден ваков настан.

До почетокот на летниот нинџа камп, останува време да се одржи уште еден редовен нинџутсу семинар на тема КенЏутсу и НагинатаЏутсу.

БаттоЏутсу тренинг во Прага (Чешка Република)

Posted on Categories Почетна

Учителот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, одржа серија тренинзи во Прага – главниот град на Чешката Република.

Тема на тренинзите беа техниките на симултано извлекување и борба со јапонски меч (катана), познати под името БаттоЏутсу.

Учесниците на тренинзите беа презадоволни и благодарни за наученото, а беше договорена и понатамошна соработка со реномираниот македонски учител.

Семинар за Оно (Голема Самурајска Секира)

Posted on Categories Почетна

Во одлична и крајно позитивна атмосфера, заврши семинарот за борба со Оно (голема самурајска секира).

Настанот се одржа во неделата во Хомбу-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, а на истиот учествуваа десетина членови на Буџинкан Македонија.

За време на семинарот, учителот Игор Довезенски ги предаде сите кати од вештината Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу, а кои се однесуваат на борба со Оно.

Отсучи семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Семинар за борба со голем самурајски чекан (Отсучи) се одржа во саботата во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Учесниците имаа можност да повторат некои од формите на борба (ката) со ова орудие, но и да испробаат некои варијанти (хенка).

Временските услови беа одлични, така што после семинарот учениците помогнаа во средувањето на јапонската зен градина и таканареченото Нинџа Село.