Семинарите во природа години наназад се заштитен знак на Доџо-то за класични јапонски боречки вештини Буџинкан Македонија и на организацијата Пат кон Сонцето. Никој не може да се пофали дека има поголемо искуство од нас, бидејќи досега имаме организирано над 300 настани од овој тип.
Семинарите во природа се одлична можност за учениците да го збогатат и да го проверат своето знаење, како и да ја зголемат својата психо-физичка кондиција. Покрај другото, тие им овозможуваат на учениците интеракција со петте природни елементи (годаи) како и постигнување на хармонија со околината.
Tреба да се споменат и придобивките кои ги добиваме од природата, како што се: чистиот воздух, природната влажност и сончевите зраци. Отворениот простор, далеку од градските средини, овозможува изострување на сетилата, подобрување на здраствената состојба, чистење на отровите од телото…
Со учество на семинар во природа, барем еден ден ќе заборавите на слободните радикали, позитивните јони и на негативните зрачења, предизвикани од урбаното секојдневие и од електронските апарати.
ГОДИШЕН РАСПОРЕД НА СЕМИНАРИТЕ
Март – ШурикенЏутсу и Силата на Јари (СоЏутсу)
Април – ХоЏутсу и ЈумиЈа
Мај – Отсучи и Оно
Јуни – Тоами
Јули – КенЏутсу и НагинатаЏутсу
Септември – Тогакуре Шурикен и Чигирики
Октомври – КусариГама и КјокетсуШоге