Според договорениот редослед, шестиот по ред меѓународен БуЈуКаи семинар, овој пат се одржа во Македонија. На настанот учествуваа околу триесетина нинџутсу практичари од Турција и од земјата домаќин.
Како и досега, домаќините на БуЈуКаи VI од Буџинкан Македонија се потрудија целосно да го организираат времето на гостите од Република Турција, при што беа посетени многу туристички и археолошки локалитети во Републиката, за што подобро да се презентираат убавините на древната Македонија.
Одличната дружба беше зачинета со неверојатно добар тренинг, а следниот БуЈуКаи VII е закажан за крајот на октомври, во Истанбул.