Лак и Стрела (Јуми Ја) во дворот на Хомбу

Posted on Categories Почетна

Семинар за ракување со лак и стрела (Јуми Ја), се одржа во неделата во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
На настанот присуствуваа 20 учесници, кои ги изучуваа техниките на гаѓање стрелајќи во четири мети и користејќи четири различни видови Лакови.

Освен членовите на Буџинкан Македонија од сите возрасти, учество земаа и тројца „цивили“ односно пријатели на нашето Доџо. Сите беа воодушевени од техниките кои јапонските шиноби воини ги користеле при изведување на своите акции и борбени задачи.

Ова беше последниот Нинџутсу семинар за првото полугодие на 2022 година, со што членовите на „Пат кон Сонцето“ ги почнуваат подготовките за најголемиот настан – Летниот Нинџа Камп.

Има уште само неколку слободни места кои набрзо ќе се пополнат, па затоа доколку сте се двоумеле дали да бидете дел од овој легендарен летен камп – време е да донесете правилна одлука.

Јунско полагање за ученички степени

Posted on Categories Почетна

На јунското полагање за ученички (кју) степени, следниве ученици на Буџинкан Македонија се стекнаа со повисоки звања: Дамјан П. (10 кју), Душица С. (10 кју), Сара Г. (8 кју), Матеј С. (6 кју), Ведран Ч. (4 кју), Константин А. (3 кју) и Ксенија Д (3 кју).

На сите кандидати кои успешно положија им честитаме и им посакуваме да продолжат да чекорат по Патот на самоусовршувањето.

Нинпо Иккан!

„Сеишин Теки Кјојо“ во Хомбу

Posted on Categories Почетна
Викендов што измина, во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа семинар наменет само за постарите ученици (Семпаи) на тема Сеишин Теки Кјојо (Духовно усовршување на Нинџата).
За време на настанот, учителот Игор Довезенски на своите верни ученици им ги сподели тајните на префинетото битисување на Шиноби воините низ историјата.

Предавањето беше во форма на Куден (усмена трансмисија) при што беа опфатени следните области:
1. Човечките слабости и како да се надминат
2. Индивидуалните доблести и како да се препознаат
3. Негување на умот и созревање на духот
4. Техники за ментална хигиена
5. Кјоџитсу Тенкан Хо (дуализмот и вечната борба на вистината и лагата)
6. Манипулација, контрола и техники за заштита
7. Воспитувањето како процес на еволутивно напредување
8. Тајната на тантричкиот секс и како се постигнува целосна контрола врз телото и оргазмот. Зголемување на сексуалните потенцијали и преопразба во издржлив љубовник кој успешно ќе ја задоволи партнерката.
Последниот Нинџутсу семинар за првото полугодие на 2022-ра, ќе се одржи на 10-ти јули на тема Јуми Ја (лак и стрела).