Извештај за 2013 година

Posted on Categories Почетна
Во минатогодишниот извештај, споменавме дека за прв пат од основањето на нашата организација не сме 100% задоволни од нашите резултати. Тоа се должеше на фактот што неколку напредни ученици се откажаа од тренингот и заминаа од нашето доџо. Долгогодишното вежбање и дружење со членовите, резултира со емотивно поврзување, а потоа и тага кога тие ќе одлучат да заминат.
 
Но, изгледа конечно го надраснавме тоа. Пораснавме и сфативме дека не може секој до крај да опстои на Патот. Сфативме дека не треба да жалиме по тие кои си заминуваат, туку да се радуваме на тие кои продолжуваат да чекорат рамо до рамо со нас. Да ги делат среќните и тажните моменти кои се случуваат во доџо-то. На крајот на краиштата, се покажа и дека многумина кои заминале, повторно се враќаат меѓу нас и продолжуваат по Патот.
  
Годинава што измина, беше неверојатно успешна за Организацијата за изучување на јапонски класични борбени вештини „Пат кон Сонцето“.
 
Ќе почнеме со организирањето на меѓународните настани во нашата земја. На наше големо задоволство, во неколку дневна посета беше нашиот учител за Даито Рју Аикибудо, шиханот Антонино Черта. Тој одржа семинар во доџо-то под Липац и со тоа стана првиот корју – мајстор кој подучувал во нашето Хомбу. Што со однесува до случувањата поврзани со Европската Даито Организација (European Daito Kai), инструкторот Игор Довезенски на почетокот на годинава беше назначен за одговорен за ширењето и подучувањето на Даито рју Аикиџуџутсу на територијата на Југоисточна Европа, како и шибу чо (водач на огранокот) во Македонија. Исто така, тој положи за мајсторско звање (шодан) и се здоби со титулата Шидоин. 
На почетокот на годината, инструкторот Игор Довезенски беше на еднонеделна обука во Амстердам (Холандија) и стана личен ученик на шидоша Ерик Лоув. Инаку, сенсеи Лоув е еден од првите нејапонски мајстори на најстарата јапонска боречка школа, Теншин Шоден Катори Шинто рју.  Во септември, Довезенски положи крвна заклетва (кеппан) пред главниот шихан за оваа древна вештина, Нобутоши Отаке, а со дозвола на сенсеи Лоув, ја отвори првата секција за Катори Шинто рју во Македонија и на Балканот. 
Што се однесува до домашните семинари, оваа година „растуривме“. Сите три доџо-а на Пат кон Сонцето, организираа вкупно 21 семинар на кои шидоши Довезенски несебично го предаваше своето знаење на учениците. Од нив, шест се одржаа во скопското доџо, девет беа интензивни во Хомбу и шест беа во природа. Покрај ова, Довезенски ја одржа и традиционалната Работилница за самоодбрана за жени, а секако, значајно место зазема и одржувањето на Летниот Нинџа Камп
Оваа година за последен пат ги одржавме нашите надалеку прочуени подвизи „Преживување во Природа“ и „Патот на Шугенџа“. Одлуката да бидат последни беше тешка, но мораше така да биде. Од друга страна, тие ќе бидат заменети со нови настани кои ќе дадат нов дополнителен импулс во нашата работа.
Од другите настани вреди да се спомене и семинарот организиран од страна на Клубот за мешани боречки вештини (ММА) – „Стршлен“, на кој инструкторот Игор Довезенски подучуваше за Нинпо Не Ваза системот. Соработката со нив ќе продолжи и во иднина, а Довезенски и понатаму стои на располагање на сите практичари на боречките спортови кои сакаат подобро да се запознат со класичните јапонски боречки вештини (корју).
 
За време не декемвриското полагање, 14 ученици положија за повисоко звање. За прв пат беше организирано полагање за деца, на кое Косара Д. и Ксенија Д. успешно положија за 10 кју, а Буџинкан Македонија доби и нов семпаи (Тина Д.). 
И оваа година имавме неколку покани за гостување во јавните медиуми, но проценивме дека истите не се најсоодветни за претставување на нашата работа, па ги одбивме. Присутни бевме единствено во неколку веб-портали, кои се занимаваат со теми од областа на здравата исхрана и спортот. 
На крајот уште да го споменеме пуштањето во употреба на нашата нова веб-страница www.koryu.mk, како и редизајнот на веб-страниците www.bujinkan.org.mk и www.daito.koryu.mk.

Тема во Буџинкан Македонија за 2014 година ќе биде школата Кото рју Коппоџутсу. Имаме многу планови за во новата година и се надеваме дека со напорна работа и посветеност, ќе успееме да ги реализираме. 
Нинпо Иккан. Среќна Нова 2014 година !!! 

Одржан последниот семинар за оваа година

Posted on Categories Почетна
Вчера во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа последниот семинар за оваа година, на тема: „Шинкен Гата Чика Мааи Хеихо“ или во слободен превод: „Стратегија за блиска борба“. На семинарот учествуваа 14 наши членови кои пет часа без престан ги вежбаа овие брзи и динамични техники.
По завршувањето на семинарот, учесниците ги споделија своите впечатоци, па еве Ви пренесуваме мал дел од нив:
– После овој семинар, крвта со часови не престана да врие во жилите – Зоран Т.
– Семинарот беше исполнет со позитивна енергија и страст за повеќе знаење. По завршувањето се чуствував среќен и целосно исполнет – Таки Г.
– Овде зборуваме за тренинг, за желба и насмевки и по пет часовно удирање, паѓање, фрлање. Зборуваме за дисциплина и послушност, за почит кон постарите и помладите. Зборуваме за учител кој без грешка ги изведува техниките и кој будно го следи секој наш удар, блок и однесување. Зборуваме за среќни, насмеани, весели и енергични луѓе, за едно големо семејство. Со вакви ученици, со ваков тренинг, со ваков учител, добриот семинар е неизбежен – Марко О.
– Одличен семинар како и секогаш. Пет часа жесток тренинг, потење, удари, блокови, ослободувања, соборувања, контрола и се по ред. Борба со противник и контролирање на ситуацијата околу себе. Сите што присуствуваа се внесоа максимално во секоја техника, од почетниците до постарите, а кога ќе се внесеш така во тренингот, тие пет часа поминуваат како пет минути – Влатче А.
– Нема сл’нце ваадан, ама денот убав беше и убаво се испотиме. Сенсеи најголемо благодарам за прекрасниот крај на 2013 година – Ристо Рики Разбираш (Богданци).
– Семинарот беше неверојатно добар, многу научивме, нешто повторивме и се што вежбавме гледав да го направам колку што е можно подобро. После првите два часа, концентрацијата малку ми се намали и добив 5 – 6 удари по телото, но набргу се повратив назад. Се заблагодарувам за семинарот. Кога би можел да ја бирам следната тема, би одбрал нешто слично, повторно да се истепаме и истраскаме – Михаил Д. 
– Ова е наш втор семинар и навистина си поминавме прекрасно. Особено ни се допаѓа пријателскиот однос и посветеноста кај учесниците. Единствена наша забелешка е што би сакале уште почесто да се организираат вакви настани – Маја и Ангела. 

Shidoshi Dovezenski held Ninpo Ne Waza seminar for the MMA fighters from the club „Strshlen“

Posted on Categories Uncategorized

On an invitation from the coach of the MMA club „Strshlen“, Dr. Sinisha Stojanoski, instructor Igor Dovezenski held a full day 

seminar for Ninpo Ne Waza. On this seminar techniques for positioning on the ground, transitions, techniques for control, strangling techniques, as well as techniques using levers on the joints were taught.
In addition, shidoshi Dovezenski always had respect for the discipline and the will for the mixed martial art fighters’ training, and so far he helped several individuals who wanted to increase their knowledge and to better their technique and skill. However, with this seminar, for the first time collaboration was achieved between the clubs and opportunity to represent and use the traditional Japanese martial arts in the training of the MMA fighters.
During the training, the members of the club „Strshlen“ tried their maximum to absorb the techniques that were shown while being assisted by two students of Bujinkan Macedonia. The first hour of training passed with a small dose of mistrust, but as the time passed the participants gradually showed respect more, so at the end the whole seminar ended in a great friendly atmosphere. The company was great, the barrier was completely destroyed and a path for further collaboration was opened. 
  
At the end of the seminar, coach Stojanoski expressed gratitude for the selfless transfer of knowledge by the instructor of Bujinkan Macedonia, and shidoshi Dovezenski wished the members of „Strshlen“ success in the following tournaments.
You can find additional information for the MMA club „Strshlen“ on their official Facebook profile, and in case you want to contact their coach directly, you can do that here:
You can find additional information for Ninpo Ne Waza on this link: http://hombu.koryu.mk/article/show/489 

Шидоши Довезенски одржа Нинпо Не Ваза семинар за ММА борците од клубот „Стршлен“

Posted on Categories Почетна

На покана од тренерот на ММА клубот „Стршлен“, д-р Синиша Стојаноски, инструкторот Игор Довезенски денес одржа целодневен семинар за Нинпо Не Ваза. На семинарот се обработуваа техники за позиционирање на земја, транзииции, техники на контрола, техники на давење, како и техники на лостови на зглобовите на противникот. 

Инаку, шидоши Довезенски отсекогаш имал почит кон дисциплината и вољата за тренинг на борците на мешаните боречки вештини и досега помагал на неколкумина поединци кои сакале да го зголемат своето знаење и да ја подобрат својата техника и вештина. Меѓутоа, со овој семинар, за прв пат беше остварена клупска соработка и претставување на традиционалните јапонски боречки вештини и можноста истите да се употребат во обуката на ММА борците. 

За време на тренингот, членовите на клубот „Стршлен“ максимално се трудеа да ги „впијат“ техниките кои им беа покажани, а при тоа им асистираа и двајца ученици на Буџинкан Македонија. Иако, првиот саат од тренингот помина со мала доза на недоверба, како што изминуваше времето, учесниците почнаа се повеќе да покажуваат респект, за на крајот целиот семинар да заврши во одлична пријателска атмосфера. Дружењето беше прекрасно, а бариерата срушена целосно, со што се отвори пат за понатамошна соработка.  

По завршувањето на семинарот, тренерот Стојаноски изрази благодарност за несебичното пренесување на знаењето од страна на инструкторот на Буџинкан Македонија, а шидоши Довезенски им посака успех на членовите на „Стршлен“ на претстојните турнири.  
Повеќе информации за ММА клубот „Стршлен“ можете да најдете на нивниот официјален Фејсбук профил, а доколку сакате да остварите директен контакт со нивниот тренер, можете да го сторите тоа тука:
Повеќе информации за Нинпо Не Ваза можете да најдете на линкот: http://hombu.koryu.mk/article/show/451