Во рамките на манифестацијата „Недела посветена на децата“, постарите ученици на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, ја посетија детската градинка „Бамби“ во Скопје, каде што ги забавуваа најмладите преку запознавање со јапонските традиционални боречки вештини.
Прошев и Опачиќ најпрвин им објаснија на дечињата за потеклото на нинџите и самураите, а потоа изведоа демонстрација на неколку кати од школите на Буџинкан.
Потоа одржаа еден мини тренинг каде што најмладите беа подучувани како правилно да се тркалаат (каитен) и паѓаат (укеми). Сето тоа беше изведено на наивен и детски начин, разбирлив и забавен за нивната возраст.
Тренингот заврши со одговарање на многубројните прашања поставени од дечињата, а секако во врска со нинџите и самураите.
Со ова, нашиот клуб даде свој придонес за разубувување на манифестацијата „Недела посветена на децата“, а ние и понатаму остануваме отворени за било каква помош кога станува збор за најмладите кои се иднина на нашата земја, но и за сите ранливи групи во нашето општество.