Еден ден пред новогодишната вечер, во скопското Доџо на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа полагање за повисоки степени за учениците на Буџинкан Македонија.

Свечениот настан почна во 17 часот, при што најпрво беа тестирани најмладите членови од секцијата „Нинџа Клинци“, а потоа и членовите од почетничката и од напредната група.

Им честитаме на сите ученици кои успешно положија за повисок степен, а посебно го истакнуваме полагањето на Ведран Чичов, кој беше тестиран за највисоко звање од останатите кандидати (за трети кју).

По завршувањето на тестирањето (Шикен), во 22.0о часот започна новогодишната прослава (БоненКаи), која има за цел да се заборават и да се простат сите неубави настани од старата и да се влезе чист во новата година.










уште неколкумина учесници, членовите на Буџинкан Македонија уживаа во уште еден семинар, овој пат за Лак и Стрела (Јуми Ја).
