Заврши уште еден од најлегендарните настани на планетава земја, познат под името Летен Нинџа Камп, а во организација на најдинамичното Доџо во светот – Буџинкан Македонија.
Цели 17 години по ред, учителот Игор Довезенски неуморно го пренесува своето знаење на сите заинтересирани за тајните на јапонските традиционални боречки вештини, па така и оваа година кампот привлече голема бројка на учесници.
Покрај Македонците, имавме и еден учесник од Франција, а со тоа настанот повторно се здоби со меѓународен карактер, нешто што се почесто се случува во последниве години.
Амтосферата на кампот беше величенствена, тренинзите силни и динамични, а уште сега добиваме пораки и повици со интерес за следниот камп што ќе се одржи во 2026 година. Потсетуваме дека пријавите секоја година почнуваат уште на новогодишната ноќ, па затоа бидете спремни 🙂