Четвртиот по ред Детски Нинџа Самит се одржа во саботата во скопското Доџо на Буџинкан Македонија, со што почна сезоната на зимски семинари и за членовите на групата Нинџа Клинци.
Овој пат на настанот учество земаа 24 дечиња кои цели четири саати уживаа во многуте игри наменети за развој на нивната моторика, како и за правилниот развој на телото. Покрај тоа, се вежбаа и техники на самоодбрана прилагодени за нивната возраст, а не’ изостанаа и предавањата кои се конципирани на начин да се развие и потикне размислувањето односно мозочната активност.
Следниот Детски Нинџа Самит ќе се одржи за еден месец.