Меѓународниот пријателски семинар, познат под името БуЈуКаи, по петти пат го потврди традиционалното пријателство меѓу членовите на Буџинкан Македонија и Буџинкан Турција.
Овој пат настанот се одржа во градот на Босфорот, во градот распослан меѓу два континенти – Истанбул. На семинарот учествуваа четириесетина учесници од Македонија, Турција, Бугарија и Иран, кои неуморно учеа техники од инструкторите Игор Довезенски и домаќинот Ерџан Шарбат.
Покрај тренинзите, секако не изостанаа и одличните дружби што секојпат ги следат меѓународните семинари, како и прошетките низ градот, со цел подобро да се запознае културата и историјата на земјата организатор.