Првата Јапонска зен градина во Македонија заедно со проектот „Нинџа Село“ се’ повеќе го будат интересот кај Македонците за посета на ова преубаво и уникатно место.
По едногодишна соработка односно давање часови за Јапонска Јога (Шиноби Таисо) на успешната македонска компанија ТГГ – МК, тие одлучија да ни ја доверат довербата да организираме тим билдинг во рамките на нашето Хомбу Доџо и придружните објекти.
Па така, минатиот викенд, вработените на ТГГ – МК имаа можност да уживаат во разните активности и во неверојатната природа на Хомбу и околината, како и во разните специјалитети приготвени од органски продукти набавени и специјално произведени во нашата градина.
На општо задоволство, на крајот беше договорено соработката да продолжи и понатаму, со уште еден тим бидлинг на пролет и секако со нови дружби и авантури.