Уште еден успешен семинар во природа

Posted on Categories Home

4f2a8914-af38-4d7e-a601-2835b127dabb.jpgНинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, вчера одржа уште еден успешен
семинар во природа на тема Укеми Гата Таихенџутсу (вештина на паѓање) и
Атеми но Танрен (зајакнување на ударните површини).
Семинарот се одржа на врвот на планината Липац, до каде што учениците
се искачија со полна „борбена“ опрема за релативно кратко време, што
зборува дека се работи за група која веќе има завидни психофизички
способности.
По искачувањето, учесниците беа вчудоневидени од убавината на Липац и
од неверојатниот пејсаж на околината. На врвот беше рамно, со расфрлани
огромни карпи наоколу, а тревата беше послана со разновидни билки и
цвеќиња, кои уште повеќе ја надополнуваа сликата. Од друга страна, од
врвот се гледаа сите околни ридови, кои пак, од таа висина изгледаа
рамни како тепсија, иако знаеме дека се терасесто поставени.
Тренингот започна со изведување на техники на паѓање, кои најпрвин се
работеа без партнер, а потоа истите се изведуваа преку Наге Ваза и
Гјаку Ваза.
Вториот дел на тренингот беше посветен на зајакнување на ударните
површини на телото, за што помогнаа околните дрвја и карпи, во кои
учесниците „немилосрдно“ удираа со делови од рацете и нозете.
Спуштањето низ планината беше исто толку интересно, бидејќи беше
избрана најстрмната страна на Липац, а малку подоле наидовме на стари
напуштени куќи од 18 и 19 век.

**********************************************************

Ве известуваме дека во текот на месецот мај, нема да се одржуваат
неделни семинари во природа, поради големиот семинар со шиханот Папа
Сан.
Сепак, ќе продолжиме со неделните тренинзи во доџо, а темата на истите ќе ви биде соопштувана за време на редовните тренинзи.

Семинар во природа – Укеми Гата Таихенџутсу и Атеми но Танрен

Posted on Categories Home

bee50769-3ee2-4bda-8f38-f022baa567ba.jpgНа 20 април (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Укеми Гата Таихенџутсу (вештина на паѓање) и
Атеми но Танрен (зајакнување на ударните површини).
Семинарот ќе се одржи на врвот на планината Липац, а дотаму ќе се
искачиме со комплетна опрема за во природа спакувана во ранци, со цел,
големата тежина да допринесе за подобрување на кондицијата (што значи,
колку потешко-толку подобро).

Тема: Укеми Гата Таихенџутсу и Атеми но Танрен

Ден: 20 април, 2008 година

Место: Ајдучки Кладенац

Програма:    08.00 часот – поаѓање од Скопје
                     09.00 часот – пристигнување
                     10.30 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
                     16.30 враќање назад

Цена: 1.000 денари – во цената е вклучено: семинарска такса и превоз

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Успешно одржан семинарот на Пелистер

Posted on Categories Home

05052c45-159c-4eaf-bc21-aef739034b12.jpgВо организација на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, а во чест на
едногодишнината од формирањето на битолската секција на Школото за
борбени вештини – Пат кон Сонцето, вчера на една од падините на
планината Пелистер се одржа семинар на тема Шинкен Гата Таиџутсу.
На семинарот се обработија различни ситуации на реална голорака
самоодбрана, а на крајот, се вежбаа и неколку техники со меч (кен
џутсу) и со стап (ханбо џутсу).
Семинарот помина во одлична атмосфера, за што се погрижија членовите на
битолското доџо, но и учениците на Хомбу Доџо-то, кои дојдоа во голем
број со цел да им укажат чест на домаќините.
Што друго да се каже и како може да се доживее еден ваков настан, на
кој 17 луѓе, сите со една цел во срцето, за самоусовршување, се дружеа
неколку часа. Кога на едно место, ќе се соберат толку воини  (со
искрено срце – сеишин), сеќавањата остануваат врежани во меморијата
засекогаш.

п.с. Фотографии од семинарот во „Фотогалерија“ и колаж фотка во  „Семинари“

Семинар на Пелистер – една година од формирањето на битолската секција

Posted on Categories Home

По повод едногодишнината од отварањето на битолската секција на Школото
за борбени вештини – Пат кон Сонцето, Нинџутсу Сојузот Буџинкан
Македонија организира еднодневен семинар на тема:

Шинкен Гата Таиџутсу (Реални борбени апликации)

Локација: Некаде под врвот на Пелистер
Датум: 13 Април
Цена: 500 денари
Време:
– 07.00 поаѓање од Скопје
– 10.00 средба со членовите од Битола
– 10.15 искачување на Пелистер
– 13.00 тренинг
– 15.00 симнување

Семинарот е отворен за сите !

Тренинг за деца во Пат кон Сонцето-Хомбу Доџо

Posted on Categories Home

ad92ba48-f9da-43e7-8e27-ef3225fc1efe.jpgСо задоволство сакаме да Ве информираме дека од почетокот на месец
април, во нашето Школо за борбени вештини – Пат кон Сонцето,
обезбедивме посебен термин наменет за тренинг со деца на возраст од 7
до 14 години.
Со оваа детска група ќе раководат помладите инструктори во Буџинкан
Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, студенти на Факултетот за
физичка култура во Скопје.

Цената на тренинзите е 800 денари, а се одржуваат во деновите:

– вторник од 18.30 до 19.30

– четврток од 18.30 до 19.30

– сабота од 17.30 до 18.30

За сите информации можете да се обратите на:

070 645 593 (нон стоп)
077 586 472 (пон. – пет. од 09.00 до 15.00)

Повелете!

Успешно одржана Работилницата за самоодбрана за жени

Posted on Categories Home

bd9250c0-b98c-4ee8-8b28-357ed7028c3f.jpgПозитивна енергија, одлична атмосфера и многу насмевки ја следеа
Работилницата за самоодбрана за жени што ја организираше Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето-Хомбу Доџо.
Припадничките на понежниот пол имаа можност да научат различни техники
на самоодбрана во секакви ситуации, но и од различни профили на
напаѓачи.
На работилницата учествуваше и една дама од Норвешка, со што, настанот доби и меѓународен карактер.
Беше преубаво да се вежба и да се биде дел од дружбата на
работилницата, а најголема награда за инструкторот беа насмеаните лица
и добрите резултати кои беа постигнати.
На крајот, сите учеснички се изјаснија дека со задоволство ја очекуваат
следната работилница на која ќе се обработуваат техники на самоодбрана
со предмети кои можат да се најдат во секоја женска чанта.

******************************************************************

Работилницата за самоодбрана за жени, прва од ваков вид во Македонија,
беше проследена со текст на цела страница во викенд додатокот во
најтиражниот дневен весник во нашата земја, „Дневник“. Целосното
интервју со главниот инструктор на Буџинкан Македонија можете да го
прочитате во „Списание“.

За сите припаднички на понежниот пол – РАБОТИЛНИЦА ЗА САМООДБРАНА ЗА ЖЕНИ

Posted on Categories Home

e48274da-feff-4a24-9ff3-a94517948f2c.jpgШКОЛОТО ЗА БОРБЕНИ ВЕШТИНИ
ПАТ КОН СОНЦЕТО
ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРА
РАБОТИЛНИЦА ЗА САМООДБРАНА ЗА ЖЕНИ

ПОД НАСЛОВ
ПОНЕЖНИОТ ПОЛ – ПОСИЛЕН ПОЛ
ВО РАБОТИЛНИЦАТА ПОСВЕТЕНА ЗА САМООДБРАНА НА
ЖЕНСКИОТ ПОЛ ЌЕ ДОБИЕТЕ ПРАКТИЧЕН ОДГОВОР НА
СЛЕДНИТЕ ПРАШАЊА:

ШТО АКО…?

-МЕ НАВРЕДУВА?
-МЕ УДРИ?
-МЕ КЛОЦНЕ?
-МЕ ЗГРАПЧИ?
-МЕ СОБОРИ НА ЗЕМЈА?
РАБОТИЛНИЦАТА Е ПРЕДВИДЕНА И ПРИЛАГОДЕНА ЗА
ПРИПАДНИЧКИТЕ НА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ КОИ НЕМААТ
НИКАКВО ИСКУСТВО ВО БОРЕЧКИТЕ ВЕШТИНИ, НО СЕ РАБИРА,
ГИ ПОВИКУВАМЕ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ,
БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВОТО НА ЗНАЕЊЕ.

ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ:

23 МАРТ, 2008 ГОДИНА

ВРЕМЕ: ОД 11.00 ДО 15.00 ЧАСОТ

КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО: 800 ДЕНАРИ

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ: 077 586 472  ИЛИ НА Е-МАИЛ: daito_macedonia@yahoo.com

Успешно одржан семинарот Шурикен Џутсу Сенбан Наге

Posted on Categories Home

06a2f4f2-f5e3-4b52-abe1-52dedb0c6140.jpgКако и секој друг, така и овој семинар во природа помина во фантастична
атмосфера. Многу сонце, малку ветерче и чист воздух на тони, сето тоа
придонесе за уште подобро расположение за време на семинарот Шурикен
Џутсу Сенбан Наге.
На семинарот учествуваа учениците од почетничката група на Хомбу
Доџо-то, а мораме да признаеме дека изненадија со брзото совладување на
техниките на сенбан наге односно фрлање на метални сечива од Тогакуре
Рју школата.
Покрај историјата и филозофијата на вештината Шурикен Џутсу, учесниците
имаа можност да научат петнаесетина различни техники на фрлање. Сепак,
од тоа што можеше да се забележи за време на семинарот, учениците
најмногу уживаа за време на гаѓањето со три шурикени истовремено, како
и во гаѓањето од големи растојанија.
Се на се, одличен ден и многу научени работи, кои секако, треба постојано да се дотеруваат.

Шурикен Џутсу Сенбан Наге – семинар во природа

Posted on Categories Home

d4984a9f-1bf7-4cd2-8abb-0e3d4624e158.jpgНа 16 март (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Шурикен Џутсу Сенбан Наге (вештина на
користење метални сечива од типот сенбан).
На семинарот ќе се обработуваат техники со сенбан шурикен, во
согласност со темата на годината. Станува збор за оружје кое било
користено од страна на нинџа воините од школата Тогакуре Рју, а
учесниците ќе имаат можност да научат за нивната историја, но и да
ракуваат со истите.

Тема: Шурикен Џутсу Сенбан Наге

Ден: 16 март, 2008 година

Место: Смкнено

Програма:    08.00 часот – поаѓање од Скопје
                     09.00 часот – пристигнување
                     10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
                     16.30 враќање назад

Цена: 1.000 денари – во цената е вклучено: семинарска такса и превоз

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Добри вести од Папа Сан / Good news from Papa San

Posted on Categories Home

a313ec49-94e4-4152-ba2e-2a41000b826c.jpgI would like to inform you that I have just contacted Papa San sensei.
He asked me to pass his warm regards. As always, he was highly
optimistic and he said he will be back stronger than ever.
As you already know, he had few heart surgeries, but still allowed me to pass this beautiful news:

Papa San will visit Macedonia to conduct a seminar for his European students!

Tai Kai Macedonia 2008 (17/18 may)

If you have any questions, feel free to contact me through our e-mail.

**********************************************************

Сакам да Ве информирам дека пред малку контактирав со Папа Сан сенсеи,
при што ме замоли да Ви пренесам големи поздрави. Како и секогаш, тој
беше многу оптимистичен и порача дека ќе се врати посилен од кога и да
е.
Како што знаете, тој имаше неколку операции на срцето, но, и покрај тоа, ми рече дека можам да Ви ја соопштам убавата вест:

Папа Сан доаѓа во Македонија да одржи семинар за сите негови ученици  во Европа!
 
Таи Каи Македонија 2008 (17/18 мај)
Доколку имате некакви прашања, слободно контактирајте ме преку нашиот е-маил.