Во Хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија, под водство на инструкторот Игор Довезенски, викендов се одржа семинар на тема Гокуи Не Ваза (Тајните на борба на земја).
На семинарот присутвуваа 21 учесник, кои два дена обработуваа техники на голорака борба во седечка и лежечка положба.
Семинарот започна со мини предавање за историјата на техниките на Не Ваза, за веднаш потоа да продолжи со изведување на различни Таисо вежби, по што се пристапи кон изучување на Атеми Кју Шо, Укеми Таихенџутсу и Камае.
Втората сесија од првиот ден беше посветена на техниките на задржување и контролирање на противникот Осае Ваза.
За време на првата сесија на вториот ден, учениците имаа можност да научат шест техники на „заклучување“ на зглобовите на противникот односно Кансетсу Ваза, како и многу варијанти на истите.
Последната сесија на семинарот беше посветена на техниките на давење односно Шиме Ваза. Инструкторот Довезенски демонстрираше и детаљно објасни девет техники од оваа група, но и неколку варијанти на истите.
И покрај големата болка предизвикана од реалниот начин на тренинг, но и од тврдиот паркет во нашето доџо, учениците (речиси сите) успешно го завршија семинарот презадоволни од техниките вежбани во текот на двата дена.