На покана од нашиот пријател од Нови Сад, Срѓан Црногорац, викендов што помина учествуваме на семинар со мајсторот Кацем Зугари од Франција. Тема на семинарот беше Кото Рју Коппоџутсу и Џо Џутсу, но се работеа и техники од школата Гјокко Рју Кошиџутсу. Покрај инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, на семинарот учествуваше и неговиот учи деши Марјан Прошев, како и нашите пријатели од клубот Буџинкан Кавадарци.
Како и секогаш на семинарите со Кацем, импресиите се на високо ниво, баш како и начинот на кој тој ги презентира школите на Буџинкан.