Семинар во природа – Танбо Џутсу

Posted on Categories Home

86f53656-6b2c-4f03-8aec-3cc7b7545a5e.jpgНа 10 февруари (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Танбо Џутсу (Вештина на користење краток
стап).
На семинарот ќе се обработуваат разни техники со танбо, почнувајќи од
удари, блокови, зафати, но и користење на два кратки стапа истовремено.
Ќе се вежба одбрана и напад од различни ситуации, а ефектот на техниките ќе се испроба врз стеблата на дрвјата.
Семинарот е предвиден за сите ученици, без разлика на нивото на нивното знаење.

Тема: Танбо Џутсу

Ден: 10 февруари, 2007 година

Место: Будимарац (Липац)

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -15.00 часот – теоретски и практичен дел
16.30 враќање назад

Цена: 1.000 денари – во цената е вклучено: семинарска такса и превоз 

Пријавете се на време на е-маил или во доџо.
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Неделен Хомбу тренинг – Танто Џутсу

Posted on Categories Home

13891a83-929a-43b1-99cd-b08a0d4f0fb5.jpgВо недела, 27.01.2008 година, во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија
ќе се одржи тренинг на тема Танто Џутсу (вештина на ракување со нож).
На тренингот ќе се изучуваат основните техники на самоодбрана од еден
или повеќе противници, како и ситуации кога противникот е голорак или е
вооружен со нож. Предвидени се и техники на користење на два ножа
истовремено. Исто така, внимание ќе се посвети и на психологијата и
филозофијата на борбените техники со нож.
Тренингот започнува во 11.00 и ќе трае до 15.00 часот, а цената
изнесува 200 денари. Учениците треба да понесат дрвени или пластични
ножеви (користење на вистински не е дозволено за време на тренингот), а
постои можност за купување на дрвени танто ножеви по цена од 500 денари
(од варена бука) пред самиот тренинг.

2007 – Добра година за Буџинкан Македонија

Posted on Categories Home

b0dbade3-8413-4d57-9ff3-1730db8400aa.jpgНа вчерашниот тренинг беа прогласени најдобрите ученици на Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо за 2007 година.
За својот труд, залагање, упорност, редовност и љубов кон вештината и
школото, пофалници добија учениците Марјан Прошев и Менка Стојаноска.
Со благодарница за помош и подршка на развојот на Буџинкан Нинџутсу во
Македонија се закити дизајнерот на нашата веб-страница, Игор Савиќ.
Наградата можеби за некого претставува само парче хартија, но за нас, тоа е огромно признание.
Веруваме дека наградените ќе продолжат со исто темпо и дека ќе им
претставуваат пример на останатите за тоа „како се бранат боите на
својот клуб“.

*****************************************************************

Заврши уште една година. Беше посветена на Кукишинден Рју. Од оваа дистанца можеме да ја оцениме како добра.
Организиравме два меѓународни семинари и неколку во природа (бајаги повеќе).
Во 2007 година, се запишаа над 50 кандидати, но бидејќи нинџутсу е
искрена вештина во која што опстануваат само најдобрите, најупорните и
најцврстите, од сите нив останаа само десетина. Најголем дел се
откажуваат уште на самиот старт, сакајќи преку ноќ да станат нинџи и да
работат напредни техники. Такво нешто постои само во филмовите со лоша
продукција.
Заминаа и дел од старите членови. Секој поради лични причини и обврски.  Секој со свој изговор. Така е секогаш во животот.
Од друга страна, се запишаа нови ученици кои го пополнија нивното место (не само во физичка, туку и во духовна смисла).
Во моментов нашето школо брои 21 редовни, а во секцијата во Битола вежбаат уште 5 ученици.
Во 2008 се надеваме дека нивниот број ќе се зголеми. И понатаму,
бројката не ни е важна. Ни требаат квалитетни и упорни луѓе, чесни и
одлучни. Имало моменти кога нашето школо броело по 90, но имало и
падови кога на тренинг доаѓале по тројца ученици. Денес имаме
прочистено една одлична група која можеме да ја наречеме дел од нашето
боречко семејство.
Одиме напред, во нови победи. Нинпо Иккан !

*****************************************************************

За време на новогодишните празници Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето – Хомбу Доџо ќе биде затворено само на 1 јануари, 2008 година,
додека останатите денови ќе одржува редовни тренинзи.
Ги повикуваме сите заинтересирани за нашата вештина да почнат да вежбаат со нас.
На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво во новата 2008 година. Нека ни е честит Божиќ !

Akemashite Omedeto Gozaimasu!

Успешно одржан семинарот за почетници – Фукија Џутсу

Posted on Categories Home

62f25668-1011-4bbb-ab82-5b6923c749da.jpgВо влажни временски услови, но со голема желба во срцето, учениците од
почетната група на Буџинкан Македонија од Хомбу доџото успешно ги
совладаа основните техники на нинџутсу вештината Фукија Џутсу.
Учесниците на овој возбудлив семинар најпрвин се запознаа со
историјата, начинот на изработка, можностите и намената на ова оружје,
а потоа ги совладуваа техниките на гаѓање. Покрај стрелањето од четири
основни положби (камае), учениците увежбуваа и гаѓање во подвижна мета,
гаѓање на големи далечини, како и поставување заседи и борба со повеќе
противници.
На крајот, задоволни од наученото, учесниците посакаа што поскоро да се
организира уште еден семинар во природа на кој што ќе можат да ги
совладат тајните на уште некое нинџа оружје.
Само напред!

Тогакуре рју Нинџутсу / Нинпо – Тема за 2008 година

Posted on Categories Home

Како и секоја година, поглаварот на организацијата Буџинкан Доџо, соке
Масааки Хатсуми, после неговиот роденден на 2 декември, ја соопштува
темата за следната година.
Така, според неговата одлука, во 2008 година сите клубови членки на
Буџинкан Доџо ќе ја обработуваат школата Тогакуре рју Нинџутсу.
Верувам дека ова ќе биде одлична година за сите нас.

Семинар во природа за почетници на тема Фукија Џутсу

Posted on Categories Home

fc4df1f9-4c04-4d99-a762-607294257b03.JPGНа 09 декември (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Фукија Џутсу (Вештина на користење дувалка
за стрелки).
На семинарот ќе се обработуваат разни техники со фукија, а ќе се
запознаеме и со историјата и намената на ова оружје кое било користено
од страна на нинџа воините од школата Тогакуре рју.
Семинарот е предвиден само за учениците од почетната група односно за оние кои досега не вежбале Фукија Џутсу.
Секој учесник добива фукија (дувалка), стрелки и сертификат за помината основна обука за споменатата вештина.
 
Тема: Фукија Џутсу

Ден: 09 декември, 2007 година

Место: Јоевска Маала (Липац)

Програма:    08.00 часот – поаѓање од Скопје
                     09.00 часот – пристигнување
                     10.00 -15.00 часот – теоретски и практичен дел
                     16.00 ручек
                     16.30 враќање назад

Цена: 1.200 денари – во цената е вклучено: семинарска такса, превоз, сертификат + Фукија и Стрелки

Пријавете се на време на е-маил или во доџо.
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Успешно одржан семинарот со Филип Бартош

Posted on Categories Home

aa435d01-34e3-485f-908f-f1e1e14c0948.jpgВо позитивна и работна атмосфера, викендов во Скопје се одржа
најавениот нинџутсу семинар со чешкиот мајстор Филип Бартош (10 дан).
Семинарот беше организиран од страна на Нинџутсу Сојузот Буџинкан
Македонија, на тема Кукишинден Рју.
На семинарот се вежбаа катите од првите три нивоа на школата Кукишинден
Рју, според деншото кое Филип Бартош Шихан го добил од неговиот
јапонски учител Тетсуџи Ишизука, но не изостана и тренингот со оружје.
Така, со ханбо се вежбаа катите од првото ниво на Кукишинден Рју, а
потоа се повторуваа основните техники со меч од споменатата буџинкан
школа.
Мора да се истакне дека тренингот се одвиваше на многу високо ниво,
техниките беа доста сложени, а се вежбаше без одмор во текот на двата
дена. Но, и покрај големиот напор, видливо беше расположението и
задоволството на сите наши членови кои учествуваа на настанот.
Последниот ден, семинарот беше продолжен за уште еден час, по што
учениците на Буџинкан Македонија имаа можност да поставуваат прашања во
врска со искуството на Филип Бартош во Јапонија.
На крајот, чешкиот Шихан истакна дека е презадоволен од квалитетот на
работата во Буџинкан Македонија и ни даде огромна подршка да продолжиме
со нашата работа на ист начин како и досега. Исто така, тој вети дека
при неговото следно заминување во Јапонија, веднаш ќе ги информира
јапонските шихани за квалитетната работа во нашето доџо.
Слободното време во текот на доцните вечерни часови беше искористено за
дружење во скопските ресторани и кафулиња, а шиханот имаше можност да
се увери во квалитетот на македонската храна, а пред се, на
македонското пиво, бидејќи како и сите Чеси, и тој се покажа како голем
љубител на „златната капка„. Во долгите разговори во врска со нашата
вештина, Филип Бартош и учителот на Буџинкан Македонија заклучија дека
на организацијата Буџинкан Доџо и претстојува уште подобра иднина и
дека најважно од се е редовниот тренинг, а не ширењето гласини наоколу
за тоа „кој има добар таиџутсу, а кој лош“.
Следниот семинар со Филип Бартош се закажа за 2009 година.
Filip, see you again in 2009.

Неделен хомбу тренинг

Posted on Categories Home

Ве информираме дека во недела (18.11.2007), во Хомбу Доџо ќе се одржи неделен тренинг на тема Кихон Ката Таиџутсу.
Тренингот ќе послужи како загревање пред претстојниот семинар со шихан
Филип Бартош, следната недела. Бидејќи ќе се работат основни техники,
ги охрабруваме почетниците да присуствуваат.
Тренингот почнува во 11.00 и ќе трае до 15.00 часот, а цената изнесува
само 100 денари. Како што знаете, тие средства се користат за плаќање
на дополнителниот термин (за просторот).

Принова во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Home

Со голема радост ги известуваме нашите членови и пријатели дека семпаи Н.Д., вчера роди прекрасно женско бебенце.
Ете, и тоа се случи во историјата на Буџинкан Доџо, еден член редовно
да вежба цели девет месеци за време на бременоста, речиси до последниот
ден пред породувањето. 
Одиме напред…

Ново признание за соке Масааки Хатсуми

Posted on Categories Home

82fb84a5-b7ab-4e7e-b833-1465ca944d1d.jpgЕдна убава вест ни пристигна од Хомбу Доџо-то од Јапонија.
Имено, според весникот „News week“, кој излегува еднаш неделно како
додаток во најтиражниот јапонски дневен весник, учителот на
организацијата Буџинкан Доџо, соке Масааки Хатсуми, е прогласен за еден
од најпочитуваните јапонци во светот. Тоа се должи и на фактот што од
јапонското царско семејство, тој е прогласен за живо културно
наследство на Јапонија.
Му честитаме на оваа ласкава титула.

*****************************************************************

Добивме известување од серверот каде што е хостирана нашата
веб-страница дека поради надградување на истиот, во следните неколку
недели ќе има краткотрајни прекини во работата.
Ви благодариме на разбирањето.