Извештај за 2009 година

Posted on Categories Почетна

29122009002719Shurikeni_Bo.jpgУште една година остана зад нас. Беше посветена на духовниот развој преку Саино Кон Ки. Ние се обидовме да дознаеме што значи тоа преку проучување и вежбање на школото Гјокко Рју Кошиџутсу.
И оваа година организиравме два меѓународни семинари, од кои, едниот беше со светски познатиот шихан Свенерик Богсатер. Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, одржа седум семинари во природа, како и многу неделни тренинзи. Особено сме среќни поради одличниот одзив на нашите традиционални семинари „Преживување“ и „Патот на шугенџа“. Годинава за прв пат на нив учествуваа и гости од други земји, што ни претставува огромно задоволство. Од друга страна, членовите на нашиот клуб гостуваа на три меѓународни Буџинкан, но и на три семинари од други јапонски традиционални борбени вештини (корју).

Во моментов нашето Хомбу доџо брои 41 редовен ученик.
Но не застануваме тука. Не се залажуваме дека подобро е да имаш неколку добри, отколку многу лоши ученици. Тоа е губитничко оправдание. Лошите ученици се многу ретки во нашата вештина, но ние и од нив се трудиме да направиме добри индивидуи. Веруваме дека поголем проблем се лошите учители кои ги губат своите ученици бидејќи немаат што да ги научат. Таквите потоа бараат следбеници кои слепо ќе ги следат и ќе се радуваат на нивните убави зборови. Ние не произведуваме слепци, ние создаваме воини (водачи).
Оваа година имавме и еден неуспех. Згасна нашето битолско доџо, односно поточно би било да се каже дека никогаш и не проработи како што треба. Во иднина треба повеќе да внимаваме кому даваме доверба. Спротивно на тоа, отворивме уште едно доџо во Скопје, кое покажа одлични резултати. Отварањето на нови школи отсега ќе биде поригорозно. Ќе важи истиот стандард кој е поставен од Хомбу-то на Буџинкан Македонија.
Во 2009 одржавме две полагања за степени. Нашето доџо е меѓу оние каде посебно внимание се обрнува на стандардот при тестирањето. За шодан се потребни миниум пет години тренинг без пропуштање на повеќе од два часа месечно (а имаме околу 14). Тоа значи многу труд и искрен пристап кон вешината.
Покрај другото, ја одржавме нашата традиционална Работилница 28122009174516DSC01257.JPGза самоодбрана за жени, која побуди огромно внимание кај домашните медиуми, со што успешно ја презентиравме нашата вештина и организација пред македонската јавност. Се обидовме колку што можеме повеќе да го претставиме соке Масааки Хатсуми во величенствено светло.
Изградивме наш Ниџутсу Тренинг Центар, во кој одржавме Нинџа Камп. Наш центар, на наше земјиште. Тоа што се случуваше таму, нема доволно време и место да се опише. 24/7 корју буџутсу и нинџутсу. Неверојатно!
Уште неколку статистички податоци за нашата работа во оваа година. Од 1 јануари 2009, па заклучно со денес, нашата веб-страница ја посетиле над 12.000 души, од вкупно 60 држави, а оваа година најредовните посетители се од Германија, САД, Србија и Хрватска (подредени според бројот на посети). Секако, тоа воопшто не е некоја голема бројка за фалење, но со оглед на тоа што не се рекламираме на ниту еден друг начин, и не е така лошо.
Во 2010 година очекуваме уште подобри резултати. Како и секогаш. Нинпо Иккан !

*******************************************************************
Вчера, во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија се одржа полагање за ученички степени.
За 9 кју положија Тина Д., Катерина Д., Горан Б., Горан М., 28122009174505DSC01254.JPGДраган М. и Антон П., додека со 7 кју заслужено се закитија Маја И., Игор С. и Мирон Ц.
За 5 кју положија учениците Бојана Г., Зоран Т., Дарко Б. и Благица С. Заслужно, 3 кју добија Марјан П. и Марко О.
За својот труд, упорност, редовност и љубов кон вештината и школото, пофалници добија учениците Марјан П., Марко О., Дарко Б., Маја И. и Антон П.
Оваа година благодарница за помош и развој на Буџинкан Нинџутсу во Македонија добија Марјан П. и Дарко Б. (сите имиња се напишани скратено поради почитување на приватноста на нашите членови)