Во денешниот број на најчитаниот македонски неделен магазин, „Теа модерна“, излезе статија посветена на девојките од нашето доџо Буџинкан Македонија.
Како што знаете „Теа модерна“ е магазин посветен на културата, уметноста и модата и има тираж од над 100.000 продадени примероци неделно. Тоа значи дека за Буџинкан Доџо оваа недела ќе прочитаат најмалку 500.000 илјади Македонци, што е речиси една четвртина од населението во нашата земја.
Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, преку своето доџо веќе 15 години го „шири“ гласот на организацијата предводена од соке Масааки Хатсуми и досега се има појавувано во многу пишани и електронски медиуми, каде што секогаш предизвикувал голем интерес за јапонските класични борбени вештини.