Роккон Шоџо - тема за 2010 година

Posted on Categories Почетна

Како што веќе знаете, соке Масааки Хатсуми ја зададе темата за 2010 година, а тоа е: Роккон Шоџо (прочистување на шесте сетила). Станува збор за шугендо доктрина, која постарите ученици на Буџинкан Македонија ја проучуваат во последните три години (видете подолу на нашата веб-страница).

Што се однесува до техниките со оружје (Буки Ваза), за време на годината на тигарот (2010) вниманието ќе биде насочено кон Тачи, меч кој е малку подолг од катаната и се носи со сечивото надолу.

Бидејќи ова е нова тема за сите нас, а можно е да биде подложна на измени во текот на годината (како што соке често знае да прави), ние во 2010 година ќе се концентрираме на школото Кото Рју Коппоџутсу (Школото на соборениот тигар). Што се однесува до вежбањето со Тачи, тоа во целост ќе го оствариме, бидејќи имаме добро искуство со него. За нас, прва вистинска средба со Роккон Шоџо ќе биде за време на семинарот со шиханот Свенерик Богсатер во април, кој ќе ни пренесе дел од неговите сознанија за оваа тема.

Програмата за 2010 год. на Буџинкан Македонија е веќе поставена на нашата веб-страница.

********************************************************

За време на новогодишните празници Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето – Буџинкан Македонија ќе биде затворено само на 1 и 6 јануари (Бадник), додека останатите денови ќе одржува редовни тренинзи.
На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво во новата 2010 година. Нека ни е честит Божиќ !

Akemashite Omedeto Gozaimasu!